Како помина Македонија во теквондо на минатите Олимписки игри?

Таеквондистката Милјана Рељиќ и борачот Владимир Егоров се нашите следни натпреварувачи кои денеска ќе настапат на најголемиот спортски собир во Париз. Убаво е да се потсетиме на блесокот во Токио.

Олимписките игри во Токио 2020 кои поради пандемијата беа поместени за 2021-ва, донесоа историја за македонскиот олимпизам и спорт воопшто.

Ја испиша јунакот Дејан Георгиевски кој на 22 години, како дебитант стана прв Македонец што стигнал до едно олимписко финале и што успеал да се закити со сребрен медал.

Теквондо како спорт во Македонија има многу слаб публицитет, а за многумина е и непознат, но благодарение на Дејан стана тема број 1.

Скромното момче од клубот Бутел во осминафинале го совлада Рафаел Алба од Куба, во четвртфинале беше подобар од Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска, а големата радост пристигна во полуфиналето откако славеше и против Кјо Дон Ин од Јужна Кореја.

Тој не отпатува во Токио на туризам, туку со прецизирана цел која не ја сокри ниту од јавноста.

27 јули 2021-та ќе остане датум на кој вечно ќе се сеќава Георгиевски, бидејќи успеа со сребрени букви да испише нова страница во спортската историја на Македонија.

Сребрен медал во теквондо во категоријата над 80 килограми, откако во финале загуби од Русинот Владислав Ларин.

Вториот олимписки медал за Македонија го дочекавме после две децении. Првиот е на Могамед Ибрагимов, кој во Сиднеј 2000 кога освои бронза во борење.

Последната рунда во полуфиналето

Доделувањето на медалите

Ветувањето пред Олимпијадата

Пречекот на плоштад

Шампионски пречек за Дејан Георгиевски на плоштад

8 август 2024 - 09:39