Искуството на Лукоил пресудно во дуелот со Адмирал
Адмирал 4-8(1-6) Лукоил
Адмирал: Александар Лазаревски 14’Спасе Новковски 22’ 23’ Стојан Аврамоски 40’
Лукоил: Љупчо Апостоловски 3’ 5’ Жарко Климкаров 6’ Мартин Алаѓозовски 15’ Дејан Зиков 17’ 38’ Анѓелчо Арсов 18’ Владимир Секулоски 31’
Екипата на Лукоил уште на самиот почеток од натпреварот во дуелот со Адмирал влезе со сериозен пристап и максимално мотивирано. Адмирал во првиот дел од полувремето имаше пропусти во делот на одбраната бидејќи настапуваше со голман играч па Лукоил овие грешки успеа да ги претвори во гол и стекне предност на полувремето од 1-6. Во второто полувреме екипата на Адмирал се обидуваше да ја надокнади големата негатива од првото полувреме и делумно успеа во тоа но искуството на Лукоил не дозволи целосен пресврт па го доби овој натпревар со 4-8.
Гранит не го искористи играчот плус во дуелот со Трансмет
Трансмет 5-3(2-2) Гранит
Трансмет: Бобан Велјановски 7’ 26’ Илче Георгиески 8’ Един Скендеровиќ 27’ Енис Исаки 39’
Гранит: Ернад Рамдедовиќ 4’ Стеван Митревски 4’ 38’
Градежното дерби помеѓу екипите на Трансмет и Гранит го отвори екипата на Гранит која имаше префектен почеток во кој со одлична игра успеа да дојде до предност од 0-2. Екипата на Трансмет успеа да се соземе и врати во натпреварот по што изврши притисок во предно поле кој вроди со плод израмнувајќи го резултатот на 2-2 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Трансмет поведе со 3-2 по што следеше цврст и динамичен фудбал и на двете страни. Се играше крајно израмнето се до 38та минута кога Трансмет остана со играч помалце кој Гранит не успеа да го искористи па го загуби овој натпревар 5-3.
Македонски Телеком ја искористи кратката клупа на Оне.Вип
Оне.Вип 0-10(0-5) Македонски Телеком
Македонски Телеком: Стефан Наскоски 1’ 13’ Гоце Филипов 6’ Роберт Попоски 14’ Михајло Лазаревски 16’
Во телекомуникацискотот дерби екипата на Оне.Вип влезе значително ослабена пректично без клупа па теретот мораа да го понесат само фудбалерите кои беа постојано на теренот. Екипата на Телеком успеа да наметне висок ритам и со колективна игра го контролираше резултатот во текот на целиот натпревар па така првото полувреме го доби со 0-5. Во второто полувреме од минута во минута само ја зголемуваше предноста која на крајот изнесуваше високи 0-10.