Халк Банка со колективна игра дојде до сигурна победа над Гранит
Халк Банка 11-4(4-4) Гранит
Халк Банка: Мартин Дамевски 4’ 18’ Алпер Тахир 33’ Игор Стојановски 21’ 25’ 25’ Филип Илиевски 40’ Самир Вели 6’ 35’ Дејан Петковски 17’ 39’
Гранит: Николче Глигуровски 7’ 12’ Дарко Петров 4’ Александар Димески 1‘
Офанзивно прво полувреме одиграа екипите на Халк Банка и Гранит, од самиот почеток на натпреварот двете екипи започнаа со отворен фудбал со акцент ставен на нападот. Екипата на Гранит со погодокот на Димески уште во првата минута го отвори резултатот, а само неколку минути подоцна преку Петров дојде до предност од 0-2. Екипата на Халк Банка уште во истата минута возврати преку Дамески за намалување на разликата а преку Вели во 6та минута од натпреварот дојде до израмнување на 2-2. Во остатокот од полувремето се продолжи со офанзивен фудбал и борба за топка на секоја педа од теренот, двете екипи успеаа да постигнат уште по два гола па на паузата се замина со израмнет резултат од 4-4. Во второто полувреме кај екипата на Халк Банка заблеска Игор Стојановски кој со три маестрални погодоци на својата екипа и донесе предност од 7-4. Екипата на Гранит се обиде со неколку тактички измени во нивната игра да парира, но денес расположената екипа на Халк Банка имаше одлична реализација што им донесе високо водство и сигурна победа од 11-4.
Окта со тимска игра до победа над Сава Осигурување
Окта 4-1(2-0) Сава Осигурување
Окта: Тино Трајковски 5’ 28’ Живко Котевски 2’ Александар Јовчевски 32’
Сава Осигурување: Решат Рахмани 34’
Одлично прво полувреме прикажа екипата на Окта во дуелот со Сава Осигурување, тие уште во раната фаза од полувремето во 2та минута тие го отворија резултатот со погодокот на Котевски. Ова рано водство им даде дополнителен мотив за по само три минуту да дојде до зголемување на водството на 2-0. Екипата на Сава Осигурување со голман играч се обиде да створи вишок во нападот со цел да дојде до намалување на разликата но Окта одлично го затвори пристапот до својот гол и не го дозволи тоа. До крајот на полувремето екипата на Окта ја контролираше играта и со цврста одбрана ја задржи предноста од 5та минута, па на паузата заминаа со предност од 2-0. Во второто полувреме екипата на Окта продолжи со одлична игра и контрола на топката а преку одлично изработени акции успеа да дојде до зголемување на водството на 4-0. Екипата на Сава Осигурување во 34та минута преку Рахмани успеа да дојде до намалување на резултатот на 4-1, но немаше сили за нешто повеќе па го загуби овој натпревар со 4-1.
Дуото Ивица Петровски–Кристијан Димовски со 5 гола ја водеа Аџибадем Систина до победа над Спорт Лајф
Спорт Лајф 2-10(1-5) Аџибадем Систина
Спорт Лајф: Валерија Ваљак 39’ Трендафил Атанасовски 11’
Аџибадем Систина: Кристијан Димовски 8’ 11’ 35’ Даниел Боневски 27’ Ивица Петровски 22’ 34’ Диме Стевковски 19’ Златко Бошковски 40’ Александар Јаневски 15’ Мирослав Неделковски 12’
Екипите на Спорт Лајф и Аџибадем Систина одиграа фер плеј натпревар последен во рамките на петтото коло. Во првото полувреме екипата на Аџибадем Систина влезе мошне мотивирано со одлично поставен напад кој изобилуваше со колективна игра која на Аџибадем Ситина им носеше одлични шанси. Екипата на Спорт Лајф не беше тактичо технички поставена во делот на одбраната што им овозможи на Аџибадем Систина во првото полувреме да постигнат 5 погодоци и на паузата да замина со предност од 1-5. Во второто полувреме екипата на Спорт Лајф се обидуваше со нешто поцврста одбрана да фати резултатски приклучок но тренерот на Систина Амел Аломеровиќ со чести замени успеа да одржи висок ритам на играта и не дзволи на противникот резултатски да се приближи. Во ваквата игра екипата на Спорт Лајф не можеше дафати вистински ритам па го загуби овој натпревар со 2-10.