Гранит со одлично второ полувреме до победа над Аџибадем Систина

Македонски Телеком, Гранит и Маркарт славеа победи во првиот ден од 15. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Македонски Телеком ги искористи празнините во одбраната на ЕВН за победа

Македонски Телеком 3-1(2-1) ЕВН

Македонски Телеком: Стефан Наскоски 4’ 33’ Михајло Лазаревски 19’

ЕВН: Томи Илиевски 6’

Петнаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Македонски Телеком и ЕВН

Содржинско прво полувреме одиграа екипите на Македноски телеком и ЕВН, уште на самиот старт двете екипи наметнаа високо темпо на игра и се редеа шанси за гол на двете страни. Прва во водство дојде екипата на Телеком во 4та минута со голот на Наскоски, по ова следуваше брз одговор на екипата на ЕВН која со погодок на Илиевски во 6та минута го израмни резултатот на 1-1. До крајот на полувремето и двете екипи има свои одлични периоди на игра, а екипата на Телеком по еден прекин во 19та минута успеа да искористи кикс на одбраната на ЕВН и да постигне погодок за водство на полувремето од 2-1. Во второто полувреме се продолжи со висок ритам на игра екипата на ЕВН се префрли на противничко поле вршејќи силен притисок со цел да дојде до израмнување, таквата офанзивна игра ги остави ранливи во одбраната што знаеше да го искористи екипата на Телеком која во 33та минута успеа да го зголеми водството на 3-1. До крајот на натпреварот екипата на ЕВН имаше и предност со играч повеќе но не ја искористи таа прилика за да го намали водството па го загуби овој натпревар со 3-1.

Гранит со одлично второ полувреме до победа над Аџибадем Систина

Гранит 11-7(4-4) Аџибадем Систина

Гранит: Дарко Петровски 40’ Дарко Стојановски 12’ 23’ 34’ 35’ Сашо Каровски – Џуме 17’ Пепи Мицев 4’ 35’ 37’ 39’ Ристе Бошев 4’

Аџибадем Систина: Горан Манов 6’ Далибор Дамјановски 28’ 40’ Кристијан Димковски 12’ 14’ 33’ Мирослав Неделковски 1’

Ефикасно прво полувреме ни приредија екипите на Гранит и Аџибадем Систина, екипата на Систина одлично го отвори овој натпревар со гол во првата минута по ова следуваше брз одговор на екипата на Гранит кои во 4та минута успеаа да направат целосен пресврт. До крајот на полувремето беше вистинска бркотница по теренот во која екипите наизменично се менуваа во водството за на крајот да се замине со 4-4 на паузата. На стартот од вториот дел екипата на гранит успеа да постигне погодок и да го превземе водството, по ова екипата на Систина се доведе до ситуација да брка резултат па мораше да фрли се на една една карта и да тргне со сите сили во напад. Систина успеа во 28та минута да го израмни резултатот, но по ова следуваше одличен период на екипата на Гранит во кој успеа да го превземе водството и да створи солидна разлика која ја зачува до крајот на натпреварот за победа од 11-7

Маркарт преку контра напади до победа над Уни Банка

Уни Банка 2-6(1-2) Маркарт

Уни Банка: Зоки Мицев 28’ Ивица Орозовски 11’

Маркарт: Александар Ристовски 4’ Александар Јаневски 9’ 22’ Пеце Стојанов 29’ 39’ Димче Шојлев 40’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Уни Банка и Маркарт, воведните минути и припаднаа на екипата на Маркарт во кој успеаа да се стекнат со водство од 0-2 со головите во 2та и 4та минута. По оваа негатива екипата на Уни Банка се префрли на противничко поле и вршеше жесток притисок со цел да фати резултатски приклучок, тоа им успеа во 11та минута со голот на Орозовски. До крајот на полувремето екипата на Уни Банка имаше уште неколку изгледни прилики за израмнување но покажа слаба реализација па на полувремето екипата на Маркар успеа да замине со предност од 1-2. На стартот од второто полувреме екипата на Маркарт успеа да постигне погодок и да го зголеми водството на 1-3. По оваа негатива на екипата на Уни Банка не и преостануваше ништо друго освен да се префрли на противничко поле и жестоко да напаѓа со цел да фати резултатски приклучок. Екипата на Маркарт одлично ја постави својата игра во одбраната и не и остави простор за игра на екипата на Уни Банка, а преку контра напади спеваше да ги казнува за победа во овој натпревар за високи 2-6.

5 март 2019 - 17:48