Со победа од 2:0 (6:1, 6:4) остварена со време од 1 час и 44 минути, Ѓоковиќ ја доби тениската класика против Надал која се чекаше со големо нетрпение, откако ждрепката на Олимписките игри сакаше да се паднат во 2. коло.
И покрај тоа што беше најавен како спектакл, сепак Ѓоковиќ го суреди убедливо Шпанецот, со исклучок на малите проблеми кои успеа да ги надмине во вториот сет.
Слабата форма на Надал беше видлива уште во првиот сет кој го загуби убедливо со 6:1, а натаму тргна и вториот во кој губеше со 4:0.
И кога Ѓоковиќ делуваше многу доминантно и сигурно, влезе во криза и почна да прави многу грешки, а Рафа го подигна нивото на игра и влезе во одличен ритам.
Натпреварот всушност стана неизвесен откако Надал успеа да израмни на 4:4 со помош на два брејка, од кои првиот на две сервис грешки на Ѓоковиќ.
Највозбудливо беше во деветтиот гем кој Ѓоковиќ го доби дури во четвртата брејк топка и поведе со 5:4.
Со тоа излезе од притисокот, ја замолчи публиката со прстот, која речиси цел меч го скандираше името на човекот со 14 Гренд слем титули, освоени токму на теренот на кој се соочија на овие игри и му го зема следниот гем на свој сервис.
Во меѓусебниот дуел Ѓоковиќ - Надал резултатот сега е 31:29.
Во трето коло во среда, Ѓоковиќ ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Арналди и Кепфер.