По пауза од 21 година, Македонија се радува на олимписки медал. Заслугите за овој огромен успех за македонскиот спорт одат кај Дејан Георгиевски кој денеска гази сè пред себе.
Нашиот таеквондист во категоријата над 80 килогами, во период од два и пол часа победи тројца противници за да стигне до големото финале.
Во осминафинале го совлада Рафаел Алба од Куба, во четвртфинале беше подобар од Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска, а големата радост пристигна во полуфиналето откако славеше и против Кјо Дон Ин од Јужна Кореја.
Георгиевски го доби корејскиот претставник со 12:6, а во финалето ќе се натпреварува со Русинот Владислав Ларин.
Ова значи дека нашиот јунак ќе се бори за златен медал, а во случај на пораз Македонија повторно би била горда на среброто.
Последниот олимписки медал Македонија го има од игрите во Сиднеј 2000, кога Могамед Ибрагимов освои бронза во борење.
Уживајте во последната рунда
Целата борба
Финалето со преност на МТВ 1 стартува во 14.45.