Фелпс: Размислував да се самоубијам

Најтрофејниот олимпиец во историјата ја најавува својата форма и ветува дека нема да пие се до Рио, па и после тоа.

Мајкл Фелпс на Олимписките игри во Лондон освои 22 медали од 18 златни, има 26 светски трофеи и 36 светски рекорди. Откако го достигна врвот се фати за алкохолот, а пред две години беше фатен дека вози пијан и тоа со брзина над дозволеното.

Тоа му оневозможи да се натпреварува на Светското првенство во Казан бидејќи Американската пливачка федерација реши да го суспендира.

„За време на мојата битка против алкохолот бев толку депресивен што помислив и да се самоубијам“

Откако му истече 18 годишната условна затворска казна и 45 дневните третмани за лечење од алкохол, славниот пливач сврти нов лист и на Олмпијадата во Рио ќе се обиде да испише нова историја.

Фотографија кога беше уапсен пијан

„Пред да одам на суд за да ја чујам пресудата решив дека нема да пијам се до Рио каде треба да бидам во топ форма. Но  после тоа мислам дека нема да се напијам ниту чашка алкохол“.

Покрај новиот предизвик во кариерата на четвртите Олимписки игри во кариерата, тој се спрема и за татко.

„Имав начин да ги припремам телото во најдобра физичка форма. Порано си легнувам и спијам повеќе. Подобро е кога човек ќе се разбуди без поставени услови и со свеж мозок. Сега сè гледам јасно, знам што треба да права и како да го правам. Имаше денови кога седев на тераса или на голф со пиво во рака, ама сега завршив со тоа. Плус се спремам и за татко, машко ќе биде. Потоа следува Рио“, вели Фелпс кој се спаси од затворска казна.

До старот на ЛОИ во Рио има уште 100 дена.

27 април 2016 - 17:45