Факом со мотивирана игра до победа над Сава Осигурувње

Екипите на Лукоил и Факом доста ефикасно го отворија 8. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Факом со мотивирана игра до победа над Сава Осигурувње
Факом 10-4 (3-0) Сава Осигурување
Факом: Горан Мауровски 9’ 14’ 16’ Мартин Митковски 21’ 39’ Шенол Аџировски 34’ 36’ 38’ Селајдин Кадри 32’ Боро Мисердовски 35’
Сава Осигурување: Мирче Маринковиќ 27’ Коста Глигуровски 28’ Данило Апостолоски 31’ 40’
Осмото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Факом и Сава Осигурување.

Екипата на Факом влезе мошне мотивирано во овој натпревар и во брз и отворен фудбал со одлично контролиран напад во првото полувреме успеа да стекне предност од 3-0 со кои отиде на полувремето. Во второто полувреме екипата на Факом успеа да го зголеми водството на 4-0, но Сава Осигурување смогна сили и со тимска игра успеа да направи камбек и да намали на 4-3. Факом не и дозволи целосен пресврт на екипата на Сава Осигурување, па на крајот го доби овој натпревар со 10-4.

Лукоил го оправда епитетот на фаворит во дуелот со Раде Кончар
Лукоил 12-2(7-1) Раде Кончар
Лукоил: Марјан Цветковски 3’ 19’ Дејан Зиков 4’ 7’ 9’ 22’ 27’ 36’ Мартин Алаѓозовски 11’ Жарко Климкаров 16’ 20’ Љупчо Апостоловски 21’
Раде Кончар: Стефан Ицовски 18’ 32’

Екипата на Лукоил во дуелот со Раде Кончар влезе како фаворти. Лукоил на своја страна како адут го имаше долгогодишното искуство во Бизнис Лигата како и одличниот напад со кој располата. Екипата на Раде Кончар потфрли во одбраната и му дозволи на Лукоил да ја игра својата препознатлива игра со која дојде до победа од 12-2. Полувреме 7-1.

22 ноември 2016 - 15:15