ЕЛЕМ со пресврт до победа над Пекабеско

Во третиот ден од 3. коло во Бизнис лигата на Македонија бодовите ги собраа ЈСП, Окта и ЕЛЕМ.

ЕЛЕМ со пресврт до победа над Пекабеско
ЕЛЕМ 5-4(1-2) Пекабеско
ЕЛЕМ: Синиша Ковачевиќ 8’ Антонио Ничевски 32’ 40’ Димче Димитриевски 32’ Влатко Петровски 33’
Пекабеско: Мартин Здравевски 4’ Слободан Игнатов 17’24’ Петар Киприновски 31’

Одличен натпревар одиграа екипите на ЕЛЕМ и Пекабеско. Уште на самиот почеток на полувремето и двете екипи наметнаа високо темпо на игра во таа бркотница на теренот видовме рано водство на екипата на Пекабеско уште во 4 тата минута. Екипата на ЕЛЕМ преку Ковачевиќ кој имаше одлична соло акција успеа да дојде до израмнување на резултатот. Сепак во самиот финиш на првото полувреме екипата на Пекабеско успеа да постигне гол и да го добие првото полувреме со резултат од 1-2. Во второто полувреме бевме сведоци на фудбал на со многу убави акции, шанси и на двете страни. Екипата на Пекабеско го одржуваше водството се до 32та минута, кога екипата на ЕЛЕМ со сите сили нападна кон противничкиот гол и успеа да направи голем пресврт и да го добие натпреварот со конечен резултат од 5-4.

Окта ги искористи грешките во обраната на Еуро Табак и ги однесе бодовите
Еуро Табак 1-6(0-2) Окта
Еуро Табак: Григориј Јовановски 36’
Окта: Драганче Стојановски 17’ 20’ Драганчо Ѓорѓиевски 22’ Александар Јовчевски 28’ Дуко Серафимовски 31’ Живко Котевски 38’

Екипите на Еуро Табак и Окта одиграа прво полувреме доста претпазливо, без многу шанси за гол. Играта се одвиваше на средината на теренот со многу тактизирање и на двете страни. Сепак екипата на Окта на средината на полувремето успеа да искористи еден кикс во одбраната на Еуро Табак и да поведе со 0-1. Екипата на Еуро Табак по примениот гол започна со поофанзивна игра обидувајќи се да го изедначи резултатот но во тоа не успеа, таа напаѓачка игра ги чинеше уште еден гол во самиот финиш на полувремето кое заврши 0-2. Во второто полувреме уште на самиот почеток екипата на Еуро Табак фрли се на една карта и тргна во офанзива да го достигне водството на екипата на Окта, заборавија на одбраната Окта го искористи тоа за победа во овој дуел со убедлив резултат од 1-6.

ЈСП со одлично второ полувреме до победа над Вип
ЈСП 5-1(1-0) Вип
ЈСП: Љупчо Павловиќ 8’ Сабит Хусеини 25’ Далибор Миленковски 38’ Томи Петковски 38’ 40’
Вип: Бобан Несторовски 40’

Значително неизвесно прво полувреме одиграа екипите на ЈСП и Вип. Во текот на целото полувреме и двете екипи играа крајно израмнет фудбал со многу шанси на двете страни. Екипата на ЈСП искористи грешка во одбраната на Вип и преки Павловиќ во 8та минута успеа да поведе со 1-0. Екипата на Вип се обиде со притисок во предно поле да го промени ритамот на играта но ЈСП одговори со голман играч и успеа да го задржи водството од 1-0 на полувремето. Во второто полувреме уште на самиот почеток екипата на Вип тргна офанзивно кон противничкиот гол со цел да го израмни резултатот. На таквата офанзивна игра на Вип преку контра напади одговори екипата на ЈСП која го зголеми резултатот на 2-0. Во финишот од натпреварот видовме жестока борба на секоја педа од теренот и одлични одбрани од страна на двата голмани. Екипата на ЈСП во последните минути го зголеми водството кое беше недостижно за екипата на Вип. Натпреварот заврши со финален резултат од 5-1.

19 октомври 2017 - 14:43