Олимписката штафета на 19. мај ќе го започне својот пат низ Велика Британија и пред да пристигне на отворањето на Олимписките игри на 27. јули во Лондон, за 70 дена ќе помине 12.875 километри.
Факелот ќе го носат 8.000 луѓе, а за неговата безбедност ќе се грижат 70 специјалци кои 12 часа на ден ќе трчаат заедно со носачите.
За време на минатите Олимписки игри во Пекинг, Кинезите имаа огромни проблеми со протестантите, а некои од нив дури беа „наоружани" со ПП апарати и се обидуваа да го угаснат факелот. За таа цел, организаторите на Олимписките игри во Лондон освен 10.000 обезбедувачи, 12.000 полицајци и 13.500 војници, ангажираа и специјалци кои ќе го чуваат факелот, а за секој случај ќе има и уште четири резервни факели.