Џонсон Мети со одлична игра до победа над Окта

Фабрика Карпош, Халк Банка и Џонсон Мети славеа победи во третиот ден од 16. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Џонсон Мети со одлична игра до победата на Окта

Окта 3-8(1-4) Џонсон Мети

Окта: Дарко Стоилковски 13’Драганче Стојановски 35’ 38’

Џонсон Мети: Бојан Дејановски 6’ Бобан Ристов 15’ Александар Недев 20’ Даниел Стојановски 20’ 40’ Љупчо Стојановски 22’ Христијан Стојановски 26’ 37’

Првото полувреме од натпреварот помеѓу Окта и Џонсон Мети ни понуди интересен фудбал полн со возбуди. Екипата на Џонсон Мети во 6та минута преку одлично изработена акција, преку Дејановски успеа да го отвори резултатот на 0-1. По примениот погодок екипата на Окта направи неколку промени во играта, што резултираше со израмнување на резултатот во 13та минута. Сепак изедначениот резултат кратко траеше, екипата на Џонсон Мети за кратко повторно се врати во препознатливиот ритам на игра и до крајот на полувремето со неколку одлични погодоци успеа да дојде до поволен резултат од 1-4. Во второто полувремеекипата на Џонсон Мети продолжи во својот препознатлив, напаѓачки ритам на игра и уште во почетната фаза од полувремето успеа да направи солидна предност. До крајот од натпреварот екипата на Окта се обидуваше да го намали водството на Џонсон Мети во што делумно успеа со два одлични погодоци на својот голман играч Драганче Сојановски, но сепак немаа сили за нешто повеќе во овој натпревар. Натпреварот заврши со конечен резултат од 3-8 во корист на Џонсон Мети.

Пекабеско не успеа да направи целосен пресврт во дуелот со Халк Банка

Пекабеско 3-4(0-3) Халк Банка

Пекабеско: Андрија Периќ 22’ Бобан Вујиќ 26’ 29’

Халк Банка: Алпер Тахир1’ Ерсин Тахир 16’ Мартин Дамески 18’ 40’

Натпреварот помеѓу екипите на Пекабеско и Халк Банка имаше одлично отварање уште во првата минута екипата на Халк Банка успеа да постигне погодок и да го отвори резултатот. По овој примен погодок екипата на Пекабеско ја зацврсти играта во одбраната и успеа да го запре налетот на екипата на Халк Банка истовремено обидувајќи се преку контра напади да дојде до изедначување на резултатот. До крајот на полувремето екипата на Халк Банка вршеше постојан притисок кон голот на Пекабеско и успеа да дојде до солидна предност на полувремето од 0-3. Во второто полувреме видовме нова слика, екипата на Пекабеско уште на самиот старт тргна офанзино и успеа да го намали водството на Халк Банка. Овој постигнат погодок дополнително ги мотивираше и веќе во 29та минута од натпреварот успеаа да го израмнат резултатот на 3-3 со што натпреварот влезе во неизвесна завршница. Во финишот од наптреварот екипата на Халк Банка успеа да искористи контра напад и да реализира за победа на овој наптревар со резултат од 3-4.

Фабрика Карпош на крилата на Петрушевски до победа над Раде Кончар

Раде Кончар 3-14 (0-4) Фабрика Карпош

Раде Кончар: Ивица Доневски 27’ Горан Наумовски 33’ Сашо Трпчевски 38’

Фабрика Карпош: Љупчо Петрушевски1’ 4’ 11’ 26’ 36’ 40’ Александар Божиков 15’ 25’ 28’ 29’ 35’ Тони Мировски 26’ 27’ Марјан Казаков 31’

Екипите на Раде Кончар и Фабрика Карпош одиграа интересно прво полувреме во кое екипата на Фарика Карпош уште на самиот старт успеа да постигне погодок и да ја превземе контролата над играта и резултатот. Екипата на Раде Кончар се обидуваше со удари од далечина да постигне погодок, но екипата на Фабрика Карпош одлично ја имаше поставено играта во одбрана и со брза трансформаци во напад успеа да ја казни екипата Раде Кончар. На полувремето се замина со резултат од 0-4 во корист на Фабрика Карпош. Во второто полувреме на самиот старт екипата на Раде Кончар се префрли на противничката половина и се одбида да изврши притисок кон противниќкиот голман обидуваќи се да го намали водството на Фарбика Карпош од полувремето, сепак екипата на Фабрика Карпош доста умешно успеваше да одолее на овој притисок и однесе бодовите со резултат 3-14.

23 март 2018 - 10:19