По 6:3 и 3:6 во првите два сета, на Цонга и Милош Раониќ им беа потребни три часа за да го одредат победникот во последниот одлучувачки сет кој му припадна на Французинот со 25:23.
Овој натпревар сруши два олимписки рекорди. 48-те гејмови во последниот сет го надминаа претходниот рекорд од 30 гејмови на натпреварот помеѓу Гонзалез и Дент на Олимписките игри во Атина 2004.
Маратонскиот дуел траеше три часа и 56 минути што е најдолгиот тениски натпревар во историјата на Олимписките игри.