Боде Милер (37) е петкратен освојувач на злато на светските првенства и по сериозната повреда и операцијата во ноември, месецов конечно му се врати на скијањето. Иако се обиде пред домашната публика да оствари уште еден голем успех, Милер во еден момент од неговиот настап случајно зафати една од капиите, ја загуби контролата и падна.
Камерите веднаш во кадар ја фатија неговата исеченица, по што Милер побара лекарска помош, а утрово бил успешно опериран. Во моментот на падот, Боде Милер беше во голема предност. Супер Џи категоријата беше негов прв турнир по операцијата во ноември, а сега ќе треба да паузира околу два месеци.
„Среќен сум, затоа што можеше да биде и полошо“, напиша Милер со фотографија од болничкиот кревет.
По падот, во шок беа и неговите колеги од селекцијата на САД, кои изјавија дека се близу до Боде и дека ќе му помогнат да се крене и од овој пад.
Видеото не е препорачливо за чуствителните: