БЛ 16-то коло (втор ден)

Без победник во дербито на врвот

Одиграни се уште два натпревари од шеснаесеттото коло во Бизнис Лигата на Македонија, а најинтересен беше дуелот на Montenegro и Лукоил.

Montenegro и Лукоил ги поделија бодовите во дербито на врвот
Montenegro 2-2 (0-1) Лукоил
Montenegro: Ивица Јанковски 23', Јорданчо Јакимоски 31'
Лукоил: Дејан Зиков 6', Марјан Цветковски 25'
Дербито на врвот го отвори екипата на Лукоил со погодок уште во раната фаза од натпреварот, со што наговести вистинско дерби со одличен фудбал и на двете страни. Montenegro беше настојчив и преку одлично изработени напади се трудеше да стигне до гол. Но, не успеаа во тоа па на полувремето Лукоил отиде со гол предност од 0-1. На самиот старт од второто полувреме Montenegro успеа да изедначи, но набргу потоа на сцена стапија голманите на двата тима постигнувајќи по еден гол за повторно да бидеме како на самиот почеток со изедначен резултат од 2-2, со кој и заврши овој натпревар.

ЕЛЕМ со одлична реализација до победа над ЈСП
ЕЛЕМ 7-5 (5-3) ЈСП
ЕЛЕМ: Влатко Петровски 1', 12', 18', Синиша Ковачевиќ 5', Антонио Ничевски 6', 26', Александар Николовски 34'
ЈСП: Дејан Блажевски 5', 7', Тони Спасовски 10', Ајдин Бекировски 28', Љупчо Павловиќ 40'
Бевме сведоци на прво полувреме во кое нападот беше во прв план, како кај ЈСП така и кај ЕЛЕМ. Се играше доста офанзивно и на двете страни со одлично изработени напади кои и двете екипи ги крунисуваа со гол. На полувремето екипата на ЕЛЕМ замина со предност од 5-3. Во второто полувреме ЕЛЕМ продолжи со одличната игра, зголемувајќи го водството. Кај екипата на ЈСП евидентна беше лошата реализација, што резултираше да го загубат овој натпревар со 7-5.

9 април 2014 - 08:50