Бабските финти се вратија на голема врата

Некои олимписки спортисти имаат црвени флеки на телото, исто како што сме имале ние кога не болело врат или кичма, а прва помош сме добиле од баба и дедо.

Кај некои спортисти во Рио, особено кај Американците може да се забележат црвени кругови на нивното тело. Се работи за лекување со вендузи или форма на акупунктура популаризирана од славни личности како Гвинет Палтроу и Џенифер Анистон.

Топли чаши се ставаат на кожата за да се создаде вакум и да се подобри протокот на крв и од таму излегуваат оние флеки кои се гледаат на сликите.

Оваа техника не е нешто ново на Олимпијадите. Претходно ја користеше и кинеската пливачка Ванг Кун во Пекинг 2008. Иако тоа изгледа дека боли, сепак процесот е безболен.

И покрај тоа што го рекламираат познати американски актери, а го користат врни спортисти, сепак докторите велат дека медицински, нема никаков ефект од ова лекување.

Редењето топли чаши на грб може да ја затегне кожата и да го зголеми протокот на крвта, но дека тоа може да биде некаков медицински третман, тоа е смешно велат тие.

8 август 2016 - 10:56