16-годишно девојче побрзо од Лохте

Малото девојче од Кина го привлече вниманието на целиот свет откако го освои златото со време за нов светски рекорд во дисциплината 400 метри мешано, но нејзиниот успех е уште поголем ако се знае дека таа е побрз и од машкиот шампион.

За прв пат во историјата на Олимписките игри, една жена ги исплива последните 50 метри со побрзо време од машкиот шампион во истата конкуренција. Тоа и успеа на 16-годишната Је Шивен која беше побрза од Рајан Лохте.

Рајан Лохте го остави Мајкл Фелпс дури на четвртата позиција на трката 400 метри мешано, но последната делница од 50 метри ја исплива со време 29.10 секунди. Истите 50 метри Шивен ги исплива со време 28.93 секунди.

А тоа не и нејзината најдобра дисциплина. Таа е најдобра на 200 метри мешано, дисциплина во која стана светски шампион минатото лето кога имаше само 15 години.

30 јули 2012 - 10:01