Ракомет

Падот на француската империја

Како што многу големи империи го доживеале својот крај, така почетокот на 2020-та година ја остави репрезентацијата на Франција без шанса да се бори за златото на Европско првенство и првпат во својата историја после првата фаза да ги пакуваат куферите со повратна карта во џеб.

Што ѝ треба на Македонија за пласман понатаму на Европското?

Кире и екипата совршено добро знаат каква е комбинаториката пред стартот на 3. коло, за да ги продолжат настапите на Европското првенство кое се игра во три земји.

Стигна казната за слабата игра на Македонија

Македонската ракометна репрезентација со пораз го заврши второто коло на ЕП 2020 и со тоа си го искомпликува патот до следната фаза.

Сите 15 интервенции на извонредниот Митревски

Да не бранеше Никола толку ѕверски тешко нас ќе беше против Украина. 34 годишниот голман на Еурофарм Пелистер кој лани се врати во својот роден град, синоќа блескаше, а ЕХФ една од неговите одбрани ја прогласи за втора најдобра на денот на ЕП 2020.

Бомбастичниот погодок на капитенот за победа на Македонија

Навикнати сме на драматични завршници, ама не на вакви натпревари кои според квалитетот и искуството на наша страна, треба да ги добиваме глатко. Кире се изнервира, изјави по мечот дека младите бегале од одговорност и со муда ја реши. 

Доктор Кире Лазаров и Никола Митревски ѕверот

За првиов само небото е граница, а вториот ги пушти пипците и одигра блескава партија. Македонија ја победи Украина со звукот на сирената откако капитенот се крена од 9 метри и со дрзок шут го реши натпреварот. Не е нормален како го изведе тоа.

Известуваше за ракометот и потоа го снема

Германија ја делкасираше Холандија со 11 разлика на првиот ден од ЕП 2020, ама го декласираше и човекот кој е дојден да известува за нив. Арно ама репортерот излезе прав панцир и веднаш се врати на служба. 

Шпанците уште ја бараат топката во мрежа по голот на Криштопанс

Летонија дебитираше на првиот ден од Европското ракометно првенство против силната Шпанија од која загуби 11 разлика. Но без разлика на резултатот, признанието за најкорисен играч го доби џинот од Вардар кој го заврши мечот со 7 гола и 3 асистенции. Торпедово на Криштопанс само на забавена снимка може да се следи со голо око.

Заковајте се на фотеља со далечинското, ќе се гледа ракомет

Освен што е за празничко уживање, месец јануари е задолжителен месец и за ракометно следење, бодрење, а понекогаш и нервирање со нашите. Додека ние правевме гезмиња, тие тренираа и се потеа за да го извадат најдоброто од себе. Напред момци и кога не нервирате навиваме за вас.

Лино пази се снима

Поранешниот стратег на Металург и селектор на македонската репрезентација одржа тајм аут со Хрватите кој веројатно е свесен дека не е баш убаво што го одржа на таков начин, а згора на тоа му излезе во јавност.

Тоа бе женски

Андреа Лекиќ игра за Букурешт, а Јованка Радичевиќ замина во Будучност. И покрај тоа што и двете поранешни вардарки по долго време не играат заедно, сепак има што да ги спои. И другарството и песната. 

Бразилците се мрднати и за ракометни дриблинзи

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ ја воодушеви цела Европа со волшебниот потег еден на еден против Барселона. Педро Соуза Пачеко од Бразил, сака да ни каже дека магии еден на еден постојат и во ракомет. Каква е оваа еластичност и брзина човече. Го изеде.

ЕХФ се прашува колку гола ќе даде националниот херој на Македонија

Роден е на 10 мај 1980-та, а дебитираше за Македонија во 1998-ма. Од тогаш ѕверот има постигнато 1.431 гол во кариерата. Рекордер е по број на голови на двете најголеми натпреварувања. На ЕП 2012 со 61 гол, а на СП 2009 со 92, како и прв во ЛШ кој стигна до 1.000 гола.

Абнормална сцена на ракометен меч во Шведска

Една вообичаена акција на ракометен тинејџерски натпревар во Шведска, каде акцијата почнува да ја гради бековската линија и во еден момент имаш невообичаен звук од кој сите се извадија од памет и фатија кидавела.

Игор Карачиќ има срце вардарово

Сезонава е дел од Кјелце каде реши да бара нови предизвици, но со мислите е во Скопје кај шампионот со кој два пати се искачи на покривот на Европа. Кога на Вардар му е тешко со форма, резултати и повредени играчи, поддршка добива од верната публика во Јане, но и од некој друг.

Вардар декласиран на свој паркет од Веспрем

Трет, тежок пораз во серија за ракометарите на Вардар во Лига на шампиони, овојпат во Скопје од еден од фаворитите за титулата Веспрем, 29-38 (15-22).

Маестро Кире Лазаров има да ви покаже нешто

Како беше она: Годините се пролазни, класата е вечна. Тоа е Кире Лазаров за коj оние 39 кои ги има се само бројка и ништо повеќе.

Ракометниот сојуз покажа зошто Словенија е светлосни години напред

Легендарниот ракометар и тренер, миленик на навивачите на Вардар, Веселин Вујовиќ е отпуштен од репрезентацијата на Словенија на само еден месец пред стартот на Европското.

Дебакл на Вардар во Белорусија

Ново лошо издание на ракометарите Вардар кои загубија и на гостувањето против Мешков Врест и со тоа си го искомплицираа патот за пласман во нокаут фазата.

Кој знае Вујо како би го прснал ова незадоволство на цел глас

По ултра бурните тајм аути со Веселин Вујовиќ и Жељко Обрадовиќ, одиме малку смирено со стратегот на Еурофарм, Стефче Алушевски. Им кажа дека се криви, ама не значи дека треба да умрат нели?

Колку треба да си луд за вака да одбраниш топка?

Тој што вришти од трибина како недугав, има тотално право да вришти како недугав, бидејќи голманот е уште понедугав од него. Ова не е нормално. Арпад Штербик на рипит го гледа видеово.

Каков Жељко бе, чујте го Вујо на тајм аут

Тоа е тој мотивациски говор кога екипата треба да запне. Каква будала. Ова е испад на векот.

Дебакл на Вардар во Полска, Кјелце посилен за 10 гола

Ракометарите на Вардар го претрпеа и третиот пораз сезонава во Лига на шампиони. Очајната одбрана беше причина за убедливиот пораз 35-25 (17-14).

Џабе го гурате двајца, Столе е тоа

И покрај многуте проблеми со повредени играчи, Вардар го совлада укранскиот првак Мотор Запорожје со 44:37 и се искачи на првата позиција во групата. СЕХА лига за гол на колото се реши да го издвои овој на капитенот кој двајца не можеа да го сопрат, а третиот не се ни обиде откако сфати кој се пробива.