10 – Земји кои го подигнале пехарот барем еднаш. Од нив СССР, Чехословачка и Југославија не постојат под истиот статус.
6 – Пати домаќинот станал Светски првак. Германија тоа го стори во 1938 и 2007 година, Шведска во 1954-та, Романија во 1970-та, Франција во 2001-та и Шпанија во 2013 година.
3 – Бројот на земји, Шведска, Франција и Романија кои го држат рекордот со по 4 светски тутули.
3 – Бројот на земји кои ја одбраниле светската титула. Шведска (1954 и 1958), Романија (1961 – 1964 и 1970-1974) и Франција (2009 и 2011)
5 – Пати Светскиот шампион бил решен во продолженијата.
9 – Бројот на Олимписки, Светски и Европски трофеи кои ги има освоено Франција, а последен од тие е пехарот на ЕП 2014 во Данска. Французите освојуваа трофеј секоја сезона, освен 2013-та и 2008 година.
3 – Пати Европскиот шампион по една година го освојувал и Мундијалот. Русија (1996-1997), Шведска (1998-1999) и Франција (2010-2011).
2 – Пати Светскиот шампион го освојувал Европското првенство по една година (Шведска (1999-2000) и Франција (2009 – 2010).
4 – Пати Олимпискиот првак стигнувал веднаш и до освојување на Мундијалот (Германија 1936 – 1938), Југославија (1984 – 1986), Русија (1992-1994) и Франција (2008-2009).