Неизвесноста во второто полувреме кое ја направија Швајцарците после негатива од 5 гола, ни го крена адреналинот како во старите добри времиња. Но при нерешен резултат, на нешто повеќе од една минута, финишот беше каков што можевме само да посакаме. Гол на Јагуриновски за водство, одбрана на Томовски која им ја фати жива, инструкции на Кире и уште еден гол на Митев за точка на мечот. Машки одиграно дечки.