Новиот лик на РК Вардар кој се освежи со вкупно девет засилувања

Готово, Михајло Михајловски го стокми тимот за следната сезона. Денеска го доби последното засилување и заедно со осумте староседелци кои ги продолжија договорите, во Јане Сандански се очекува на есен да се појави респектабилен тим за нови предизвици.

Ловро Јотиќ е најновото последно засилување број 9 во составот на Вардар под водство на старо новиот претседател Михајло Михајловски, кој пред еден месец и официјално го презеде клубот од Сергеј Самсоненко.

Се работи за 25 годишен среден бек од Хрватска кој може да игра и како лев бек. Јотиќ прво се договорил со Бенфика, но од финансиски причини не потпишал, туку се решил повторно да соработува со Стефче Алушевски кој му беше тренер во Еурофарм Пелистер.

Новиот член на Вардар беше дел од последното Светско првенство откако Лино Червар го повика да го замени повредениот Циндриќ, а има искуство и во СЕХА лигата и Лига на шампиони.

Сега во Јане Сандански има по тројца нови ракометари од Македонија и Хрватска и по еден од Србија, Франција и Полска. Договорите ги продолжија Стоилов, Дибиров, Чупиќ, Дисингер, Калараш, Ристовски, Кизиќ и Мишевски.

Михајло ветува дека Вардар ќе има тим кој ќе атакува на домашната титула и ќе биде конкурентен за пласман во топ 4 во СЕХА и топ 8 во ЛШ.

Со оглед на тоа што тимот е комплетиран, да ги претставиме на кратко сите нови засилувања кои ќе го облечат дресот на двократниот европски првак.

ЛОВРО ЈОТИЌ (25)
Земја: Хрватска
Позиција: среден бек
Висина: 191 см
Клубови: Умаг (2013/2014), Дубрава (2015/2016), Загреб (2016/2017), Алборг (2017/2018), Загреб (2018/2019), Еурофарм Пелистер (2019/2020)

ЈОСИП ВЕКИЌ (22)
Земја: Хрватска
Позиција: десен бек
Висина: 210 см
Клубови: Рајн Некар (2015/2016), Загреб (2016-2020)

АНТЕ ГАЏА (28)
Земја: Хрватска
Позиција: среден бек
Висина: 194 см
Клубови: Нексе (2014-2019) Загреб (2019/2020)

МАРКО ВУЈИН (35)
Земја: Србија
Позиција: десен бек
Висина: 199 см
Клубови: Дунафер (2003-2006) Веспрем (2006-2012), Кил (2012-2019), Спортинг (2019-2020)

ПАТРИК ВАЛЧАК
Земја: Полска
Позиција: Пикер
Клубови: Гдањск, Погон Шчечин, Кјелце, Маси, Либек

РОБИН КАНТЕГРЕЛ
Земја: Франција
Позиција: голман
Висина: 193 см
Клубови: Понтал Комбо (2017-2019), Сесон Рен (2019/2020)

ТОМИСЛАВ ЈАГУРИНОВСКИ (21)
Земја: Македонија
Позиција: лево крило
Висина: 188 см
Клубови: Вардар 2 (2016), Металург 2 (2016/2017), Еурофарм Пелистер (2017/2018)

ГОЦЕ ГЕОРГИЕВСКИ (33)
Земја: Македонија
Позиција: десно крило
Висина: 185 см
Клубови: Металург (2006-2015), Феникс Тулуз (2015/2016), Букурешт (2016-2020)

ФИЛИП ТАЛЕСКИ (24)
Земја: Македонија
Позиција: десен бек
Висина: 200 см
Клубови: Металург (2014-2017), Рајн Некар (2017-2019), Балинген (2019/2020)

2 јули 2020 - 14:54