На само две секунди до крајот на натпреварот од втората ракометна лига на Хрватска помеѓу Рудар и Мославина, при резултат 21:21, домашен ракометар имал шанса да постигне победнички гол во контра напад, но бил грубо фаулиран. Тој бил турнат од зад грб, паднал на гостинската клупа и го скршил носот.
Зарем треба подобар повод за почеток на масовна тепачка?
Во тепачката на теренот учествувале сите ракометари и членови на стручните штабови од двете екипи, а на теренот влегле и домашни навивачи. Гостинските навивачи исто така се обиделе да се вклучат во тепачката, но тие добиле највеќе ќотек од обезбедувањето.