Спортските обложувалници на домаќинот му даваат коефициент 3 за освојување на златото, а веднаш зад него е бранителот на титулата со 3.50. Во топ петте репрезентации со најголеми шанси за триумф на светското се уште и Хрватска, Данска и Исланд. Последните две репрезентации се всушност наши противници во групата Б.
Слична прогноза за победникот на Мундијалот пред само два дена предвиди и порталот Хендбол Планет, според кој Шпанија ќе биде светски првак, Франција ќе заврши втора, но на третото место му даваат најголеми шанси на составот на Данска. Според овие предвидувања Македонија би завршила на 14 место.
Прогнозата на Хендбол се разбира дека воопшто не и се допадна на македонската јавност, затоа што по фантастичното петто место на нашите ракометари на Европското во Србија, таа посакува повторно висок пласман.
Избраниците на Шундовски кој му беше помошник на тогашниот селектор Илија Темелковски на Светското првенство во Хрватска во 2009 година го освоија одличното 11 место што е до сега највисок наш пласман.
Првиот Мундијал селекцијата на Македонија го одигра во 1999 година во Египет каде завршивме на 18 позиција. Третата авантура на светските првенства за нашите ракометари почнува утре против Чиле со почеток во 15:45 часот.
Коефициенти за шампион:
1.Шпанија 3.00
2.Франција 3.50
3.Хрватска 5.00
4.Данска 5.75
5.Исланд 18
6.Унгарија 19
7.Германија 21
8.Полска 25
9.Србија 34
10.Русија 41
11.Словенија 51
12.МАКЕДОНИЈА 101
13.Јужна Кореја 151
14.Египет 251
15.Тунис 251
16.Црна Гора 501
17.Бразил 501
18.Аргентина 501
19.Белорусија 501
20.Алжир 1001
21.Саудиска Арабија 2501
22.Чиле 2051
23.Катар 2501
24.Австралија 5001