Покрај неизоставниот „Енфилд Роуд“, тука се уште и стадионите на Севиља, на Урава Ред Дајмондс од Јапонија, Рома, Фенербахче, Борусија Дортмунд, Селтик. ПАОК, Розарио Централ.
Обично сме навикнати да влетуваат на терен само за едно селфи или гушка со нивниот идол. Но малиов имаше друга намера, а според судиските правила треба да добие црвен картон за овој старт зад грб со две нозе над членот на Палмеирас, Габриел Хезус.
Бредли Лоуери има 5 години а лекарите му даваат уште малку месеци живот. Во среда на мечот Сандерленд - Челси ќе им даде гол на гостите во омилениот дрес.
Шалке убедливо со дури 15 бода го освои првото место во својата група во Лига Европа, така што навивачите на овој клуб, познати под името УГЕ (Ултрас Гелзенкирхен) вечерва се журкаа во Салцбург каде играше нивниот тим.
Околу 500 навивачи на Рома кои допатуваа во Букурешт на мечот од последното коло од Лига Европа против Астра Ѓурѓу искористија прилика да извикуваат навредувачки пароли против Лацио, да се степаат со редарите и да прекинат едно-минутно молчење во чест на загинатите бразилски фудбалери од Шапекоенсе.
Еден од најорганизираните фан клубови во земјава е Пења Мадридиста де Македонија, група навивачи на Реал кои не пропуштаат прилика да оставват грло и дланки во поддршка на „Кралскиот“ клуб каде и да игра. Така беше и на „Ел Класико“ во Каталонија.
Мелодијата за „Дале Кавезе“ датира уште пред 60 години. Тогаш авторот Хозе’ Манцо Перони од Венецуела ја смислува а неговиот внук ја промовира песната „Молиендо Кафè“ која што подоцна ќе ја преработи Хулио Иглесиас и стотици навивачки групи ширум светот.
Римското дерби викендов му припадна на Рома која славеше со 2:0, а дел од делириумот на Олимпико беше и овој полицаец кој веројатно униформата ја искористил во тие два часа да биде само навивач и да не се замара со одржување на ред и мир.
Мечот меѓу Лацио и Рома не е меч како сите други. Тоа е градско дерби на вечните ривали од Рим кои бијат битки на Олимписко скоро еден век. Страствен навивач знае да рече: Што сакате направите на другите натпревари, само победете на дербито. Во недела, 15:00 часот е закажана нивната 145 пресметка во Серија А. Играчите на Лацио во еден дел од тренингот не трепкаа и гледаа во водачот на Иридучибили.
На човекот кој од родниот југ се преселил на север само за да биде поблизу до Јувентус, животот му станал драматичен од кога ја почуствувал сладоста на лесната заработувачка од препродажба на карти во која се вртат милионски суми.
На „вечното“ македонско дерби меѓу Пелистер и Вардар во Битола попладнево славеа Скопјани со 0-1 и ја прекинаа победничката серија на Битолчани. Дербито помина со икс прекини затоа што домашните навивачи го искористија снегот на трибините за да прават топки и да ги гаѓаат судиите и противничките фудбалери. Во еден момент го погодиле линискиот судија Дејан Костадинов кој се пожалил на повреда.
Болка и солзи на улиците на бразилскиот град Шапеко каде навивачите на Шапекоенсе за последен пат се простија од своите омилени фудбалери кои им донесоа толку многу радост изминативе години.
Со многу запалени свеќи, со балони, чадори и шалови во зелено-бела боја, навивачите на Атлетико Национал "Los Del Sur“, тимот кој требаше да му биде противник на Шапекоензе во финалето синоќа оддадоа почит до загинатите бразилски фудбалери. Во меѓувреме колумбискиот тим официјално се откажа од титулата во Копа Судамерикана и побара од КОНМЕБОЛ да му ја врачи на Шапекоензе.
Во 116-годишната историја на тенискиот Дејвис Куп, Аргентина одигра пет финалиња и синоќа за првпат ја крена познатата „салатара“ како најдобра тениска репрезентација на светот. Херој на Аргентинците кои по првите два дена губеа 2:1 беше Хуан Мартин дел Потро кој со скршен прст го победи Марин Чилиќ после пресврт. Аргентинците ја исполнија Арената во Загреб и навиваа како на фудбалски натпревар.
Сигурно некој од вас кога бил ограничен со кеш додека посетувал некоја метропола, морал да одбере дали да купи карта за туристичка прошетка на стадион или за натпревар. Ако ги сакате и двете само со пари за посета на стадионот, еве една луда и успешна идеја која бара храброст, неспиење и гладување.
Анти-УЕФА кореографија синоќа имаше во Копенхаген на мечот на данскиот шампион против Порто. Данците се придружија на многу други навивачки движења во борбата за еднакви права на сите клубови.
Нема коло во Европа, а навивачите на Севиља „Бирис Норте“ да не ги наполнат рубриките за црна хроника. Севиљските хулигани синоќа во локалот „Taberna El Papelón" во центарот на градот нападнале помала група навивачи на Јувентус со разни предмети. Епилогот е еден избоден навивач на Јуве од Белгија кој веднаш бил префрлен во болница. Мечот од Лигата на шампионите Севиља - Јувентус се игра вечерва од 20:45. Во болница завршил уште еден Италијанец и еден Шпанец кој по инцидентот бил пронајден од некој минувач како лежи.
Петкратниот шведски првак Хелсинборг загуби 1:2 од Халмштад во баражот за опстанок и испадна во втората лига. Навивачите не можеа да се помират со тоа, па направија нереди и му го соблекоа дресот на Џордан Ларсон.
Главен протагонист на фантастичната кореографија на навивачите на Милан за дербито против Интер синоќа (2:2) беше претседателот во заминување, Силвио Берлускони. Целата шеталица беше со ликот на Берлускони и сите освоени трофеи под негово владеење. Синоќешното дерби беше последно во ерата на Силвио.
Премиер лигата освен што е средена тип топ во однос на организација и имаа строги правила спрема тифо сцената (стапни на терен па ќе видиш што ќе те снајде), знаат и да забегаат.
По седум минати кола, РК Вардар има извонреден скор во Лига на шампиони од 6 победи и само еден пораз со кој е лидер на табелата. Синоќа падна и Рајн Некар, а македонските навивачи славеа на свој начин уште пред да го дочекаат крајот.
Од 75.325 души кои гледаа како Манчестер Јунајтед не може да му даде гол на Барнли ниту од вкупно 37 удари, попушти срцето на еден кој по мечот добил напад. Навивачите немаа среќа да се израдуваат на победа, но најголема среќа имаше овој навивач кој доби докторска помош од друг навивач на Јунајтед. По херојот имаше потрага, а откако го пронајдоа двајцата навивачи се сретнаа и заедно отидоа на стадион. Приказната ја објавија од клубот.
Необична слика стигнува од швајцарските второлигашки стадиони каде од сезонава игра и Цирих кој лани сензационално испадна од првата лига. На дуелот Цирих - Ле Мон, гостите ги бодреше едно дете кое само мести знаме, чука на тапан и навива.