Навивачи

Атмосферата на Маракана која треба да се доживее

Сезоната во Лига на шампиони официјално стартува на 13 септември, ама тоа не значи дека во оваа квалификациска фаза нема ништо интересно да понуди. Навивачите на Црвена Звезда синоќа беа неприкосновени.

Лалињата останаа без генералот

Тажна вест за холандскиот фудбал и спорт воопшто. Почина навивачот кој нема пропуштено натпревар на фудбалската репрезентација на Холандија од 1988 година.

Колку чини една кореографија против УЕФА

Навивачите на Црвена звезда сериозно ѝ се намерачија на УЕФА по одлуката на Европската фудбалска куќа да го признае Косовскиот фудбалски сојуз како нова членка која ќе може да игра квалификации за ЕП и СП.

Пеп, стварно си ти?

7-годишниот Брејдон, навивач на Сити со шалче и дрес во рака тргнува да ја запознае маскотата на клубот Мунбим. Кога влегува во таксито таму го чека најголемото изненадување во животот досега.

Паметна презентација на дресови врз споменици

Шпанскиот прволигаш Гранада смислил оригинален начин за да ја претстави новата опрема за новата сезона. Ги облекле главните три споменици пред Градската куќа во дресовите и шорцевите на клубот.

Пливал 1 километар за да го види Меси на јахтата

Навивач на Атлетико Мадрид, извесен Сули пливал цел километар на Ибица, за да стигне до јахтата на Меси после што Аргентинецот му ја исполнил желбата да се сликаат, иако дечкото пливал со мобилниот во џеб.

Најморбидната кореографија на фудбал

Играат Портланд Тимберс и Сиетл Саундерс во западната конференција на МЛС Лигата. Тоа е доволен повод навивачите на Портланд да измислат хорор сцена со Фреди Хругер.

Ривалството на страна, во прашање е живот или смрт

Арсенал и Тотенхем влечат старо фудбалско ривалство во нивното лондонско градско дерби, кое оди во сенка кога е во прашање оваа вест.

Ако си редар, не значи дека си семоќен

Насилството носи верижна реакција, појава која што не ја обучиле овие португалски редари кои го добија тоа што го бараа.

Погреб на навивач во Мексико со бакљи и труби

Кога пеат „И да одам на небо и таму ќе те бодрам“, Јужноамериканците и Мексиканците буквално го мислат тоа. Така по смртта на еден навивач на мексиканскиот клуб Тибуронес Рохос, неговите другари го испратиле со бакљи, песна и труби.

Комити со пиротехника ги охрабрија Вардарци

На последниот тренинг пред дуелот со Динамо Загреб во 2. коло од квалификациите за Лигата на шампионите, Комити вечерва на теренот во Хиподром (Динамо тренираше на Филип Втори Арената) со песна и бакљи ги мотивираа фудбалерите да „гинат на утрешниот меч“.

Најјакиот навивачки гест по финалето од дете

Знаеш дека твојата репрезентација има силен состав за да стане шампион, игра на свое тло и кога треба да се издржи уште финалната пречка, еден гол во продолженијата ти рушат целосно и сакаш да го заборавиш побрзо ова Европско. Во тој момент ти доаѓа детево коe ги заслужува сите петки во школо.

Одговорете ми зошто треба да навивам за вас

Алдин Карабег од БиХ барал клуб од Англија за кој ќе навива и тоа го направил на свој начин. Им пишал на сите да види кој како ќе му одговори.

Делириум во фан зоната во Лисабон

По 2004-та Португалија повторно се избори за финале на Европското првенство кое никогаш го нема освоено и покрај тоа што од ЕП 1996 секогаш стигнува до нокаут фазата. Паралелно со навивачите кои беа во Лион, во транс за пласманот во финалето беа и оние во Лисабон.

Сигнал до небото за сезонски карти на Валенсија

По лошата сезона лани, фудбалерите на Валенсија ја започнуваат сезоната со неколку нови засилувања и веруваат дека ќе го изнесат клубот во Европа следната сезона. Во пресрет на новата Примера, „Лилјаците“ направија фина промоција на сезонските карти.

Рејкјавик по примените 5 гола на Исланд

Додека навивачите и играчите на Исланд се испраќаа на стадион по дуелот со Франција, нивниот препознатлив поздрав ечеше и во Исланд. Од оваа фудбалска приказна треба да учат сите земји кои не веруваат во својот потенцијал и не знаат да работат во фудбалот.

Што ти значи радио пренос во денешно време

Некогаш пред дваесетина години кога нашите клубови или репрезентации играа надвор, а обезбеден пренос немаше, уживавме да се потпреме на радиото и замислуваме како е тоа кога топката е близу противничкиот шеснаесетник. Убаво е човек да се потсети како тоа изгледа, овојпат во Португалија.

Инциденти на мечот Шкендија - Краковија

Група навивачи на Шкендија се обидоа да се пресметаат со луѓе од управата на Краковија во ВИП ложата на Филип Втори Арената. Целата тензија ја зголемија и гостинските навивачи, околу 400 на број кои скандираа „Косово е Србија“. Балистите возвратија со Shqiperia rise (Голема Албанија). Во 60-та минута, Шкендија води со 2:0 со головите на Бесарт Ибрахими и Бразилецот Стенио Жуниор.

Вратете му ги парите на човеков

Резилот да бидеш англиски фудбалер кој игра за милиони и да загубиш од фармери и рибари на Европско е голем, но тој ќе си ги лечи маките со некоја убавица на јахта, а дечково ќе треба да си ги лечи нервите бидејќи загубил 20.000 долари. Причината е погрешна спортска прогноза на мечот Англија – Исланд.

Каде заврши топката од пеналот на Меси

Ако изјавата на Меси дека се повлекува од репрезентација е конечна, тогаш со топката од последниот негов шут за Аргентина ќе може да се пофали навивач на Чиле кој патувал 7.000 километри за финалето на Копа Америка.

Германски навивачи ја учат Катјуша

Германците земаа залет, во четврфиналето ќе го имаат можеби и најтешкиот противник на Европското, Италија. Во меѓувреме уживаат по Франција и пеат руски песни.

Отворено писмо до репрезентативците на БиХ

Селекцијата на БиХ се избори за прво историско учество на СП Бразил 2014, а се надеваа дека за прв ќе ги има и на ЕП, ова во Франција. Последната пречка која не ја минаа беше Република Ирска во баражот. Нивните навивачи го следат Европското и жалат што не се таму, но прашуваат дали им стало и на играчите или поубаво им е на море.

Главните навивачки на Европското 2016

Најубавите моменти не се на теренот, туку на трибините во Франција од каде девојките и сопругите на фудбалерите ги гледаат натпреварите во живо.

Во Рејкавик славеше кој останал дома

После Грција европски првак во 2004 и Лестер премиерлигашки шампион во 2016-та, Исланд го направи третото чудо во поновата фудбалска историја откако со 1:2 ја совлада Англија во осминафиналето на Европското во Франција. 10% од вкупната популација на Исланд (330.000) е на Европско во Франција. Тие што останаа, се радуваа на плоштадот во Рејкавик.