Навивачи

Навивачка пресметка на кошарка во Литванија

За време на големото дерби меѓу трофејните Ритас и Жалгирис, дваесетина гостински навивачи дошле на трибината каде обично седи навивачката група на Ритас, но овојпат била празна поради бојкот кон управата. И толку требаше за неред.

Македонските навивачи на Реал Мадрид главни во Истанбул

Во ситуација кога повеќе од 100 сериозни фан клубови на Реал Мадрид од светот не можеле да стигнат до вредното парче хартија за натпреварот Галатасарај - Реал Мадрид во Лига на шампиони, македонската пења мадридиста добива 90 карти. Одат со два автобуси на гостување во Истанбул каде нивното знаме стои на ударно место од трибината.

Мамо ме виде ли мамо?

Од славјето на навивачите на Селтик кој го совлада Лацио со пресврт во 90-та минута. Сад га видиш, а сад га нема :).

Нацистички марш на навивачите на Лацио во Глазгов

Пред мечот со Селтик на „Хемпден Парк“, стотина најжестоки тифози на римски Лацио во кортео тргнале кон стадионот и вообичаено, со нацистички поздрав ја пееа “Ragazzi di Buda“ (песна за настаните во протестите во Будимпешта 1956 напишана од Италијанци во борбата против комунизмот).

Вие влезете, ама немој да скокате и пеете таму со знамиња

УЕФА го казни словачкиот клуб Слован Братислава со забрана за гледачи, па во меѓувреме дозволи на стадионот да има деца до 14 години ама и гостински навивачи кои добија посебни, уникатни услови.

Двајца навивачи на Ливерпул место во Генк, отишле во Гент, клубот сега ги кани

Скоро и да не постои човек на кој да му кажеш Ливерпул го тепаше Генк, утредента ќе биде сигурен дали Ливерпул го тепал Генк или Гент, па ќе потпраша. Ама тоа и не е толку голема штета ако се знае што им се случило на двајца скаузери.

Дербито Бока - Ривер е нешто повеќе од фудбал

Безброј пати сме утврдиле дека фудбалската страст на Суперкласико ги надминува сите граници на нормалата, но и покрај тоа што сме се изнагледале клипови и фотки од тоа чудо, не можеш бре да го рипнеш.

Навивач на Милан ќе свири во сообраќај се додека Сусо игра во прв тим

На еден навивач на Милан му скурчи, ама ептен, а и како нема кога место Милан да го шине Лече 5:0, прима гол во 92-ра и игра нерешено. Никако не може да се пронајдат, ни идентитетски, ни играчки, ни резултатски.

Црногорската химна исвиркана на Косово

И покрај тоа што претседателот на Црногорската фудбалска федерација, легендарниот Дејан Савичевиќ пред мечот Косово - Црна Гора од квалификациите за Евро 2020, го посети гробот на некогашниот прв човек на фудбалскиот сојуз на Косово Фадиљ Вокри, и покрај тоа што Црна Гора меѓу првите го призна Косово како независна држава, сепак во Приштина им се исвирка химната на „соколите“.

Поради расистички и фашистички испади, 2 пати прекинат мечот Бугарија - Англија

Англиската фудбалска репрезентација со 6 гола во мрежата на Бугарија го трасираше патот кон Европско првенство 2020, но натпреварот ќе остане во сенка на она што англиските медиуми го најавуваа цел месец наназад.

Цесарица на Пољуд, ежење од глава до петици

Највпечатливиот и најјакиот навивачки момент од квалификациските натпревари за ЕП 2020 се случи на стадионот на Хајдук, каде Хрватите ја пречекаа Унгарија. Во очи на мечот го рокнаа безвременскиот хит на покојниот Оливер Драгоевиќ кој го згрмија 30.000 луѓе. Фантастична идеја од која се создаде страшна атмосфера.

Конечно и Градски да живне

Не дека не се застана со пеење и скандирање, ама колку толку се подобри атмосферата на мечевите на македонската фудбалска репрезентација која до скоро ја следеа по околу 5.000 навивачи. Синоќа беше друга песна. Околу 20.000 луѓе им дадоа поддршка на момците на Мрме. Во еден момент направија и ѕвездено небо со телефоните.

Две навивачки групи со заедничко срце за Синиша

Во италијанскиот фудбал викендов победија емоциите кои ги имаше на претек. Победи сплотеноста на две различни навивачки групи кои фудбалската битка, барем за момент ја тргнаа на страна за да и дадат предност на човечката.

Водеше навивање со папагал на раме

За време на мечот Аргентинос Хуниорс - Арсенал Саранди (2-1), водачот на домашните навивачи водеше навивање со најверниот другар.

Кога синот навива за Наполи, а татко му за Јуве

Не очекувавме дека ќе оди до таму, ама како беше она: „Кај што има сила, нема правдина“. Тоа е, следниот пат гледај ја само со другарите.

До каде отиде гневот на навивач на Јунајтед

Преполнет со негативна енергија и разочарување по сите ужасни рекорди и бедни сезони во кои не беа ни блиску до трофеј во Премиер лига или ЛШ, изнервиран навивач на Манчестер Јунајтед вака го опиша нивото на кое се наоѓа клубот.

Маестрална скриена порака во Гимараеш

Пред стартот на дуелот меѓу Гимараеш и Ајнтрахт Франкфурт кој заврши 0:1 за гостите, домашните навивачи извадија сублимирана порака преку кореографијата на која пишуваше Under fans skills football is better. Буквите кои беа означени со жолто ако се читаат меѓу редови, означуваа UEFA KILLS FOOTBALL.

Навивачите на Ајакс направија опсада на Валенсија

Секаде низ Европа каде гостува нивниот клуб, навивачите на Ајакс Амстердам гостуваат по неколку илјади души. Кортеото (маршот) кој го прават понекогаш е долг километри.

Што и скандираа Наполитанците на најатрактивната водителка

Дилета Леота има 28 години и е водителка на DAZN, официјален он лајн сервис за пренос на натпреварите од Серија А. Италијанката води во студио, ама кога ќе се појави на некој стадион публиката не трепка. Навивачите на Наполи на мечот против Бреша без пардон и пееја:

Дедо, грешка си дедо

Пар другари во метро во Лондон, му пеат на трет другар „Оу Теми, Теми“ затоа што многу личи на шпицот на Челси, изненадувањето на сезонава Теми Ејбрахам. И еден дедо што од 51-ва година навивал за „сините“ се навлекува и оди да се слика со случајниот минувач.

Мароканциве ја вртат игрицата

Ај што од Европа секој трет ден читаме за спектакуларни навивачки изданија, ама убаво е кога ќе се види вакво нешто и од друга страна на светот, особено од Мароко. Навивачите на Видад Казабланка, трофеен клуб од оваа земја, на мечот против Надхибу (4:1) направија интересна 3D кореографија. И не им е првпат.

Навивачка пресметка во Тирана каква што не се памети

Во најголемото дерби на албанскиот фудбал меѓу Тирана и Партизани Тирана, гостите славеа со 1-2. Натпреварот го одбележаа незапамтени инциденти меѓу двете навивачки групи кои се пресметаа со употреба на бакљи, дрвја, каменици.

Најубавиот 12 минутен прекин на фудбалски натпревар

Кога културолошки си понапред од другите, нема да мислиш како да внесеш сабја на стадион, туку ќе направиш изненадување со кое прво ќе помогнеш, второ ќе усреќиш и трето сите ќе те зборат за убаво.

Болниот навивач на кој му го продолжија животот

Приказната доаѓа од Мароко и гласи вака. Навивач на Ал Раја, болен од рак не можел да оди на стадион. И пазете што се случува? Он не може да оди кај што е атмсоферата, ама атмосферата доаѓа кај него. Врв.