Навивачи

Па и јас сум човек што

Фудбалот е за сите и божиќните празници се за сите. Јебеш работа, има да се опуштам малце па што сака нека биде. Не бегаат навивачите, ќе ожеднат во второ.

Епа така е кога се закачаш

Прво се гледа дека е пијан и тромав, барем по бавните движења и плус начекал невина и немоќна жртва. Е потоа кога ќе се проба кај вториов кој патем продава шалови, клипов ќе заврши пошто ќе нема поента да трае.

Сте ја слушнале ли навивачката Last Christmas?

Со голем бод од гостувањето кај Хофенхајм, Мајнц ги израдува своите навивачи кои во голем број допатуваа на ова гостување и на крај го згрмеа хитот за овој период од годината.

Голманот на Ајакс гаѓан со петарда

Ајакс претпладнево со 1-3 го совлада Утрехт на гости, а голманот на тимот од Амстердам Андре Онана за малку ќе настрадаше од голема петарда фрлена од трибините.

На навивачите на Легија Нова година им стигна порано

Легија синоќа гостуваше кај Сосновиец, последнопласирана екипа во полската лига и славеше после пресврт со 2:3. Навивачите на тимот од Варшава дошле во огромен број на ова гостување и распалиле многу пиротехника.

Навивач на Барнли кој лекува депресија со трчање на секој гостински меч

Еден од честите совети на лекарите и психотерапевтите е дека напорното физичко вежбање и трчање е една од насоките на патот кон излегување од тешката депресија и другите анксиозни состојби.

Салах се запозна со слепиот навивач на Ливерпул

По објавата на видеото кое стана вирално а на кое еден навивач на Ливерпул му го прераскажува голот на другарот кој е слеп, најдобриот фудбалер на „црвените“, Египќанецот Мохамед Салах решил да го запознае Мајк.

Татко на сезоната

Во саботата Интер играше дома со Удинезе и победи 1:0 со голот на Икарди од пенал во 76’ минута. Момент на мечот беше еден родител на трибините.

Фудбалска цензура во Англија

За време на мечот Дерби - Нотингем Форест од англискиот Чемпионшип, навивачите на двата тима, во еден глас пееа Sky TV is fucking shit. Во еден момент режисерот на преносот го сече скандирањето. Револтот е што телевизијата Скај си ги шалта термините на натпреварите како им одговара поради поголема гледаност.

Необичен начин на точење пиво на новиот стадион на Тотенхем

Тимот од северен Лондон уште пред неколку месеци го заврши новиот модерен стадион, но и натаму игра на „Вембли“ поради некои финеси пред отворањето на новата арена.

Преубаво изненадување од Наполи за своите навивачи

Преку Amazon многу навивачи нарачале од овосезонскиот дрес на Наполи. И чекаат достава да им стигне, ѕвони врата, а на врата....

Влегла полиција во клупчето на Бед Блу Бојс и имала што да види

Во пресрет на големото хрватско дерби меѓу Динамо Загреб и Хајдук Сплит, одиграно во неделата (1:0), хрватската полиција извршила акција во едно клупче на навивачите на Динамо. На ишкртаните ѕидови имало графити за Адолф Хитлер и озлогласениот Анте Павелиќ, а агентите нашле и муниција за огнено оружје, безбол палки, телескопски палки, бакљи, петарди, топовски удари и воки-токи преку кое тешко може да се следи комуникацијата.

Навивачите кои викендов се фатија за лопата

Во изминатиов снежен викенд, некои клубови имаа двојна корист од одредени навивачки групи. Освен што се задолжени да ја стоплат атмосферата со песна, беа љубезни и вредни, па помогнаа да се подобрат условите за игра. Ама не сите.

Навивачите на хрватски Осиек сами го исчистија теренот и стадионот

Осијек важи за најпријатно изненадување во хрватскиот фудбал. Во моментов се втори на табела зад лидерот Динамо Загреб. За денес од 13 часот беше закажан мечот на Осијек со Интер Запрешиќ, но теренот на стадионот „Градски врт“ бил пренатрупан со снег па одигрувањето било под знак прашалник. На крај навивачите од групата „Кохорта“ решаваат да се фатат за лопата, па средбата се одигрува нормално и домаќинот слави 6-0.

Што направија Гробарите со првиот снег?

Навивачите на Партизан му се израдуваа на првиот снег, а помошникот судија посакуваше ако може да се стопи во истиот момент. Утоп го направија човекот.

Симпатична кореографија La casa de papel на Олимпијакос - Милан

Навивачите на Олимпијакос, организирани под името Gate7, синоќа беа силен ветер во грб за нивните играчи кои со 3:1 го исфрлија Милан од Лига Европа. На грчкиот тим му требаше победа од два гола разлика и на крај ја оствари. Пред стартот на мечот Gate7 направи супер кореографија на тема La casa de papel со пехарот од Лига Европа како крајна цел.

Чекај кој е тука домаќин?

Синоќа се играше Лацио vs Ајнтрахт или Ајнтрахт vs Лацио? Римјаните беа домаќини, ама овие слики покажуваат како да било обратно. Германските навивачи држат лекции по лојалност, не само дома, туку кај ќе стигнат, па така беше и синоќа во Рим. Околу 9-10.000 се истоварија на Олимпико, а Лацијалите решија да го бојкотираат овој небитен меч од резултатски аспект, веројатно и поради бедните игри на нивниот тим во Серија А.

Фудбалот им припаѓа на сите

Енфилд Роуд во вторникот донесе огромна возбуда за навивачите на Ливерпул, кој успеа да стигне до посакуваната победа против незгодниот Наполи, вредна осминафинале. Сите беа во транс, па дури и оние кои не можат целосно да го доживеат моментот.

Звездашкиот Паоло Ди Канио

Синот на легендарниот Дуле Савиќ, Вујадин игра стопер во одбраната и е капитен на Црвена звезда. Поради повреда мораше да го пропушти последниот меч од Лига на шампиони против ПСЖ, па искористи да биде звездашкиот Паоло Ди Канио.

Навивачот на Барса кој остана да мрзне без јакна

До каде само може да отиде омразата и нетрпението на дерби, па и на едно вакво како каталонското. Навивачите на Еспањол забележаа падобранец на трибина облечен во јакна на Барса. Не го навредуваа, ниту го набркаа, туку му ја земаа јакната. Редарите го преместија меѓу навивачи на Барса кои се обидуваат да го утешат и да го стоплат. Потиштен беше човекот.

Врвна кореографија во Белград на мечот Звезда - ПСЖ

Навивачите на Црвена звезда можат да бидат задоволни од годинешното учество на нивниот клуб во елитната Лига на шампиони. Против гигантите Ливерпул, ПСЖ и Наполи освоија 4 бода, го совладаа европскиот вицешампион и играа храбро. За последниот меч против фаворитот за освојување на трофејот Делиите направија спектакуларна кореографија.

Милото дете од Авганистан го изгубило дресот од Меси, преживува војна

Родителите две години не го пуштале во школо затоа што се плашат некој да не го киднапира и да бара голем откуп од Меси и од богатите институции.

Комшиски реакции во Буенос Аирес за време на головите - епизода 2

Финалето на Копа Либертадорес годинава за последен пат се играше со реванш (два натпревари). Од следната сезона финалето ќе биде организирано како во Лига на шампиони, во еден град од Јужна Америка. За првиот меч 2:2 целиот комшилук во Буенос Аирес се радуваше и тагуваше, а така беше и синоќа.