Навивачи

Дедо, грешка си дедо

Пар другари во метро во Лондон, му пеат на трет другар „Оу Теми, Теми“ затоа што многу личи на шпицот на Челси, изненадувањето на сезонава Теми Ејбрахам. И еден дедо што од 51-ва година навивал за „сините“ се навлекува и оди да се слика со случајниот минувач.

Мароканциве ја вртат игрицата

Ај што од Европа секој трет ден читаме за спектакуларни навивачки изданија, ама убаво е кога ќе се види вакво нешто и од друга страна на светот, особено од Мароко. Навивачите на Видад Казабланка, трофеен клуб од оваа земја, на мечот против Надхибу (4:1) направија интересна 3D кореографија. И не им е првпат.

Навивачка пресметка во Тирана каква што не се памети

Во најголемото дерби на албанскиот фудбал меѓу Тирана и Партизани Тирана, гостите славеа со 1-2. Натпреварот го одбележаа незапамтени инциденти меѓу двете навивачки групи кои се пресметаа со употреба на бакљи, дрвја, каменици.

Најубавиот 12 минутен прекин на фудбалски натпревар

Кога културолошки си понапред од другите, нема да мислиш како да внесеш сабја на стадион, туку ќе направиш изненадување со кое прво ќе помогнеш, второ ќе усреќиш и трето сите ќе те зборат за убаво.

Болниот навивач на кој му го продолжија животот

Приказната доаѓа од Мароко и гласи вака. Навивач на Ал Раја, болен од рак не можел да оди на стадион. И пазете што се случува? Он не може да оди кај што е атмсоферата, ама атмосферата доаѓа кај него. Врв.

Милиметри од трагедија со испалена ракета кон голман во Полска

Во почетната фаза од полскиот Куп, Лехиа Гданск гостуваше кај анонимниот Гриф Вејхерово и победи со 2:3, ама она по што ќе се памети овој меч е страшно ризичниот момент кога од трибините некој идиот испали ракета кон голманот на гостите Златан Аломеровиќ. Милиметри го спасија.

Нова епизода на хулиган како удира коњ на полицијата во Англија

Во 2013 година, после големото дерби Њукасл - Сандерленд избија нереди. Во целата гужва, 45-годишниот Бери Роџерсон му удри тупаница на полицискиот коњ. За тоа доби 1 година затвор и 6-години забрана да посетува стадиони. И сите беа сигурни дека вакво нешто веќе никогаш нема да се повтори. До вчера вечер.

Не е бе бабо тоа штосот

На трибините каде се ултрасите постојат посебни правила. Али добро не сте вие криви, пошто колку и да пазите кој што прави меѓу вас, сигурно ни на крај памет не ви текнало дека може да ви избие ваков куршлус.

Како изгледа тоа да те бодрат 20.000 дечиња?

Белградски Партизан поради казната од УЕФА немаше право на гледачи за дуелот со АЗ Алкмар во Лига Европа. Но УЕФА им дозволи на „црно-белите“ и во плејофот и синоќа во групна фаза да имаат само деца на трибините. Партизан ја искористи таа можност и на стадионот ЈНА имаше деца од фудбалски школи од целиот регион.

И другава Борусија имаше магија

Навивачите им направија шоу, стадионот беше преполн, ама фудбалерите на Борусија Менхенгладбах го доживеаа можеби најтешкиот пораз во еврокуповите. Со 0-4 дома ги прегази австриски Волсфберг кој не памети кога последен пат играл Европа. Чуден резултат многу.

Прослава на денот со пожарникар

Динамо Загреб го направи најголемото чудо во Лига на шампиони, откако со 4:0 ја декласираше Аталанта. Еден од головите фудбалерите го прославија со пожарникар кој стоеше зад голот, под трибината на „Бед Блу Бојс“.

Ливерпул да не го види Неапол, таму е страшно и за играчите и за навивачите

Ако по други европски градови можат да се опиваат и малтретираат недолжни минувачи, англиските хулигани, особено оние на Ливерпул кога одат во Неапол, не јадат ни домати зошто се црвена боја.

Магијата на жолтиот ѕид во Дортмунд

Една од најкултните навивачки трибини на светот. Денес го бодреа нивниот тим против страшната Барселона, а пред мечот направија прекрасна кореографија од конфети со буквите на клубот BVB.

Алал да му е на Елмас до каков клуб стаса

Можеби се прашувате, а и самиот Елмас се прашува, за колку кусо време успеа да се најде во фудбалски град каде буквално се живее за фудбалот. Опружен од елитен тренер, јак состав и пред сè навивачи кои со посебна наполитанска страст го доживуваат фудбалот. Погледнете ја оваа снимка од пред неколку години кога го имаа Игуаин во состав.

Масовно апсење ултраси на Јувентус кои го уценувале клубот за карти

Паралелно со тоа што од година во година прави врвен тим кој конкурира за трофеј во Лига на шампиони, Јувентус се соочува и со голема побарувачка за карти од кои има голем прилив на заработка. Тој интерес го злоупотребувале неколку водачи на навивачите кои денес завршија зад решетки.

Македонските миланисти со трол на денот за Јуве

Во пресрет на новата сезона во Лига на шампиони, македонските навивачи на Милан им ја фрлија ракавицата на Јувентините и тоа ги погодија во најболната точка каде ги водат со 7:2. Чекаме реплика.

Ова веќе не личи на фудбал

Винченцо Папарели е името на навивачот кој загина од испукана ракета на дербито Рома – Лацио во 1979-та. 40 години подоцна за малку ќе се случеше истата беља, ама во Виетнам. Да му е страв на човек да се доближи до стадион во таа земја откако ќе го види видеово.

Англиски џандар со кече

Во земја каде што е доста зезнато за непослушните навивачи, оние гостинските од Косово поминаа не добро, туку супер. Му ја дрпнаа капата на џандарот кој скроз неочекувано им врати на идентичен начин.

„You'll Never Walk Alone“ наскоро ќе грми во Скопје

Пет години откако беа домаќини, македонските навивачи на Ливерпул ете ги повторно со огромен собир на свој терен. Овој пат горди како европски прваци. Што ќе се гледа? Реприза од финалето со мноооооооогу пиво и ракија. Вреди да се тркне.

Дрес со потписи за 100 годишната навивачка на Милан

Инес е родена во 1919-та година, а на Сан Сиро имала стаж од 18 па се до 87 годишна возраст. Значи почнала да ги бодри уште пред да заигра Чезаре Малдини. Ако водела евиденција во тефтер што сè видела, ќе немаше цена тефтерот. Омилени играчи и се Рајкард, Гулит, Ван Бастен, Малдини, Костакурта и Гатузо.

Фото на денот со финскиот претседател

За време на еден од најинтересните натпревари од квалификациите претходниов викенд, Финска - Италија, претседателот на скандинавската земја Саули Нинисте (71) седеше на една од навивачките трибини (во црна јакна), со обичниот народ. На крајот Италијанците славеа 1-2 со гол од пенал.

Ако ја загледаш на слободно фрлање, бунар правиш

Натпреварот меѓу Бразил и САД на светското кошаркарско првенство во Кина донесе кадар типичен за фудбалски Мундијал кој поретко се гледа во сала. Тоа е и потенцијална опасност за деконцентрација на противникот.

Група хрватски навивачи заспиваа бебе во Словачка

Околу 4.000 хрватски навивачи ја бодреа репрезентацијата на мечот против Словачка на кој „коцкестите“ ги прегазија домаќините со 4 парчиња во нивната мрежа (0:4). Пред и после мечот навивачите на Хрватска се забавуваа на секаков можен начин.

Емотивна приказна за синот и таткото навивачи

Некои знаат да речат дека фудбалот е само игра, а оние што воопшто не пратат велат дека 22-ца будали трчале по една топка. Но од оваа “игра“ произлегуваат стории кои допираат длабоко во срцето. За жал има и многу тажни.