Белградски Партизан поради казната од УЕФА немаше право на гледачи за дуелот со АЗ Алкмар во Лига Европа. Но УЕФА им дозволи на „црно-белите“ и во плејофот и синоќа во групна фаза да имаат само деца на трибините. Партизан ја искористи таа можност и на стадионот ЈНА имаше деца од фудбалски школи од целиот регион.
Мечот од 1. коло во Лига Европа меѓу Партизан и АЗ Алкмар заврши 2:2. Во оваа група се уште и Манчестер Јунајтед и Астана кои играа синоќа а англискиот состав славеше 1:0 со гол во финишот од мечот.