Сè уште се раскажува анегдотата кога еден некогашен македонски репрезентативец бил на проба во белградски Партизан. На првото излегување на тренинг дошол со црвен шорц па тренерите му рекле моментално да се пресоблече зошто тие ни домати не јадат поради црвената боја на големиот градски ривал а не па шорцеви такви да носат. Слично е и со навивачите на Лион во Франција.
Евертон ремизираше 1-1 кај Лидс на гости а стрелец на голот за „карамелите“ беше најголемото изненадување сезонава, одличниот 21-годишен Ентони Гордон за кого Челси е спремен да даде преку 60 милиони фунти. По крајот од мечот Гордон отиде да го подари дресот кај навивачите, а еден од нив го испушти синот од раце само за да стигне до вредниот предмет.
На стадионот Пољуд, на пресметката Хајдук - Виљареал од плејофот во Конференциска лига, имаше убав избор на црвена боја. Секој со својот вкус, се разбира.
Македонските репрезентативци Џани Алиоски (Фенербахче) и Иван Тричковски (АЕК Ларнака) денес на ждрепката за групите во Лига Европа се паднаа во иста група, така што ќе гледаме мини-македонско дерби. Во оваа група е и Динамо Киев кој е во лоши односи со навивачите на Фенербахче.
Дефинитивно никаде на свет нема таква страст за фудбал како во Аргентина. Пазете, градско дерби меѓу Белграно и Институто, два второлигашки клуба од градот Кордоба. Коментаторот тргнува со најава на мечот и во еден момент вика: „Во времиња како овие, коментаторот треба да замолчи. Уживајте во неверојатната атмосфера“.
Во тоа 24. коло од Серија А на 15 февруѕари 2009-та се судрија Интер и Милан во градското дерби кое никогаш претходно и никогаш после не видело такви состави. Трибините крцаа, прекрасни кореографии на двете страни а на терен страшни состави.
На три месеци до Мундијалот во Катар, некои дечки веќе почнаа да се загреваат, а генералната проба ја одржаа во домашна атмосфера. Со бајраци, тапани, па дури и пехарот доделија на крај. Какви цареви, сите сте вие за пехар. Вака се живее.
Девет години без титула во Премиер лига, седум тренерски смени после заминувањето на незаменливниот Ферги. Со осмиот почнаа вака: Манчестер Јунајтед - Брајтон 1:2 и Брентфорд - Манчестер Јунајтед 4:0. Бедотија отсликана во клип од 8 секунди.
Борусија Дортмунд растура на стартот на новата сезона па по триумфот во Купот на Германија против Минхен 1860 на гости, забележа две победи во Бундеслига против Баер Леверкузен и Фрајбург.
Големата надеж на Реал Мадрид кој со „кралскиот клуб“ освои неколку шампионски трофеи во Лига на шампиони, во Ла Лига, во шпанскиот Копа дел Реј, но во последните две сезони беше подзаборавен на клупата за резерви, реши да смени средина за да игра повеќе. Се реши за Севиља а навивачите на стадионот „Санчез Писхуан“ го пречкаа величествено.
Новата сезона во италијанското калчо ќе започне викендов. Шампионот Милан одбраната на скудетото ќе ја започне со Удинезе на „Сан Сиро“. Интер гостува кај Лече, Мурињо со екстра засилувања ќе отвори во Салерно а Јувентус го пречекува Сасуоло. Еве една интересна најава за Серија А уште од времето.
Акциите на Манчестер Јунајтед првпат на слободен пазар се појавиле во 1990-та година. Во 2003-та американскиот бизнисмен Малколм Глејзер со неговите браќа купува 3,17% од акциите. Со текот на годините тој само ја засилувал контролата а на 14 јуни 2005-та завладеа со дури 98% од акциите.
После шоуто со Дибала кој имаше кралевски пречек од тифозите на Рома и Џини Вајналдум на аеродром, сега Холанѓанецот на претставување на новиот тим на „Олимпико“ беше примен со песна во негов ритам.
По неверојатниот пречек на новото засилување Пауло Дибала кој дојде од Јувентус, тифозите на Рома синоќа го пречекаа и холандскиот репрезентативец Џеорџино Џини Вајналдум. Мурињо прави сериозна екипа, а навивачите сонуваат борба за скудето.
Тетовска Шкендија успеа да извлече одличен резултат 1:1 на гостување против големиот фаворит АИК од Шведска. Македонскиот тим поведе многу рано, уште во 26’ секунда со голот на Ферхан „Буба“ Хасани кој искористи една кардинална грешка на домашните фудбалери.
Навивачите на Фенербахче ги провоцираа симпатизерите, фудбалерите и стручниот штаб на украинскиот Динамо Киев во рамки од квалификациите за Лига на шампиони.
Откако на првиот натпревар во Загреб навивачите на Динамо и на Шкупи, Бед Блу Бојс и Шверцери скандираа погрдно на сметка на Србите, иста сцена следуваше и на реваншот одигран во Скопје. И двата инциденти останаа незабележани од УЕФА, барем за сега.
По освоената титула во хрватската првенство, Динамо Загреб сега јуриша на нов пласман во групна фаза на некој од европските турнири. Вечерва во Скопје „модрите“ играат реванш меч против шампионот на Македонија, Шкупи, од 21 часот на арена „Тодор Проески“.
Во пресрет на квалификацискиот меч од Лига Конференции меѓу Ријека и Дјургарден, хрватските навивачи нападнале гости кои седеле во локалите во самиот центар на градот. Ова е веќе четврт инцидент на Балканот од почетокот на еврокуповите по оние во Загреб, Тирана и Софија.