Видеа од инцидентите со бугарските навивачи во Чаир и пред Градски

Навивач на Левски Софија бил прободен со нож и веднаш пренесен во болница за време на инцидентите пред мечот против Шкупи во рамките на второто квалификациско коло во Конференциска лига.

Првите инциденти пред натпреварот биле забележани во населбата Чаир, каде биле нападнати бугарски навивачи кои поминувале со кола.

Бугарските медиуми тврдат дека освен што ги удирале по колите, дел од навивачите ги извадиле од возилата, а еден бил прободен со нож. 

Се работи за 29 годишен навивач на Левски кој бил тешко повреден, но според информациите на МВР од болница, тој се наоѓа во стабилна состојба.

Инциденти имало и на стадион каде се создале турканици со полицијата која уапсила вкупно 21 навивач од кои 19 на Левски и двајца на Шкупи.

Полицијата ги извадила од стадионот и ги однела во станица. Осуммина за насилство на спортски натпревар, двајца за физички напад на полицајци и девет поради агресивно однесување.

Инаку Левски си замина со триумф од 0:2, а реваншот во Бугарија е на 3 август.

28 јули 2023 - 07:48