По крвавите нереди на мечот Ница - Келн минатата недела во Лига Конференции, француската полиција имаше работа како што немала од Европското 2016-та. Во Марсеј, град познат по озлогласени криминални банди и хулигани, стигна армијата на Ајнтрахт Франкфурт. Во број од преку 5.000 од кои пола без карти, Германците во Марсеј имаа жесток пречек.