Баталете ги барабите што го демолираа кафиќот и пазете ја журкава пред вчерашното полуфинале меѓу Холандија и Англија. Ја прават голема група на холандски навивачи и им влегуваат на пар Англичани со безвременскиот хит на Битлси „Hey Jude". Ама не на суво, туку со цел дувачки оркестар. Каква весела банда е ова. Денот ни го направија. И докторката и сестрата излегоа на балкон.