Навивачи

Навивач со палестинско знаме го прекина мечот Копенхаген - Манчестер Јунајтед

Најинтересниот дуел во Лига на шампиони, оној меѓу Копенхаген и Ман. Јунајтед кој го добија Данците 4:3 иако губеа 0:2, во еден момент беше прекинат поради упад на терен од гледач кој вееше палестинско знаме со натпис „Слобода за Палестина“.

Милина на денот: девојчето што го бодри Јувентус

Старата дама на италијанскиот фудбал е на добар пат да се врати на патеките на успехот после бурните години кои го следеа најтрофејниот италијански клуб. Помош во тоа има и од најмладите.

Жесток судир меѓу навивачи на Милан и ПСЖ

Во пресрет на мечот од групна фаза на Лига на шампиони меѓу италијанскиот и францускиот претставник, стотина навивачи на Милан нападнале група навивачи на Пари Сен Жермен. Во познатиот локалитет Навиљи во самиот центар на Милано, тифозите на Милан со бакљи и други предмети нападнале гостински навивачи од Париз кои седеле во околните локали. Еден навивач на ПСЖ се здобил со два убоди од нож и е префрлен во болница во сериозна состојба.

Навивач на Рома во обид да влезе на стадион

Се обидуваме да се присетиме, ама екстра брзо заклучивме дека НЕ сме виделе вакво нешто до сега.

„Го продадовме моторот и Плејстејшн за да ја гледаме Бока“

Аргентинските навивачи докажано се најверни на светот. Го покажаа тоа и минатиот викенд кога околу 100.000 пристигнаа во Рио де Жанеиро да ја бодрат Бока Јуниорс во финалето на Копа Либертадорес против Флуминенсе. И покрај тоа што место на трибините имаше само за 30.000 следбеници на Бока, другите дошле да бидат поблизу до клубот. Некои го следеле мечот од фан базата на Копакабана.

Ултраси во Македонска Каменица во акција, полицијата се појави отпосле

Ако ја изгледавте лакрдијата во Кавадарци, префрлете се сега во Македонска Каменица на мечот Саса - Охрид Лихнидос, втора лига. На трибина настанува групна тепачка меѓу малкумина навивачи. Дел се пресметуваат со клоци и боксови, дел фаќаат сеир, еден влетува со факел, а полицијата ја нема.

Симпатична сцена со дете и ѕвездата на Реал Сосиедад

Реал Сосиедад победи во раната фаза од шпанскиот Кралски Куп со 0-1 кај нисколигашот Буњол. На клупа кај гостите очекувано останаа најдобрите играчи кои одмараа, па таа прилика ја искористи едно дете да му пријде на Јапонецот Такефуса Кубо и да си добие дрес. За возврат имаше и детето нешто до Кубо.

Во Велика Британија никогаш не се виделе толку бакљи на 1 меч

Во навивачкиот свет има два стари стила на бодрење, еден е британскиот строго со песна, дланки, грла и без знамиња, балони, пароли и тракатанци, а вториот е италијански со многу пиротехника, огномети, бакљи, петарди и кореографии. Ама вчера вечер имало исклучок. Во Шкотска на меч од тамошната Премиер лига меѓу Данди и Ренџерс, гостите од Глазгов запалиле стотици бакљи за призор каков што не е виден досега на фудбал во Велика Британија.

Најголемиот навивачки тапан во Јужна Америка

На мечот меѓу Депортиво Гарсиласо и Алијанза Лима, гостинските навивачи го внесоа најголемиот тапан на тамошниот континент. На крај нивниот тим славеше 0-1 со гол на ветеранот Ернан Баркос (едно време играше во Црвена звезда). Алијанза има 37 бода и е трета на табела со два бода зад Универзитарио кој има 39.

Наполитанците го одбележаа роденденот на Диего

Со присуство на тренерот на екипата Руди Гарсија и неколку играчи, стотина тифози на шампионот Наполи дојдоа пред легендарниот мурал на Диего Марадона на плоштадот Сан Џовани каде го одбележале датумот на неговото раѓање 30. октомври.

Доаѓаш на стадион, гигантот Фенербахче гостува? Не, од балкон со пивце ќе ја гледам

Во Турција има прволигаш со помал стадион од многу наши. Комшии се собираа кај тие со најубав поглед за да ги гледаат гага Един Џеко, Душан Тадиќ, Фред и другарите.

Кога ќе прашаат како се полни касата на УЕФА?

Холандски Феенорд мора да плати 17.500 евра казна во УЕФА поради тоа што на мечот со шкотски Селтик навивачите држеле зелено знаменце со натпис „Фак Селтик“. Притоа Феенорд мора да плати и 26.000 евра за непроодни скали на трибините и уште 8.000 евра за две запалени бакљи на трибините.

Што воопшто бараат ваквите на стадион?

Ако нешто ни оди на нерви после долгогодишното следење и пишување на фудбалски теми, тоа се отров навивачите кои безмислено пењават со провокативно однесување и впрочем сами придонесуваат после да им се случува ова. Место да се радува што Унгарија му е прва во група и ќе игра на Европско, глупакот се занимава со политичките проблеми на фудбалскиот противник на терен. Нон сенс.

Романски навивач бакнуваше икони пред мечот против Андора

На гости им дојде аутсајдерот Андора, ама сепак да се помолиме на Господа и тоа на три икони. И тој до него се прекрсти пред мечот кој Романците без проблем го добија со 4:0. Романија на ЕП 2000 стигна до најдобриот пласман во четвртфинале, но од тогаш не се квалификува на три од вкупно пет Европски првенства, вклучувајќи го и последното.

Навивач во Босна упадна на терен по Роналдо, па го соборија

И покрај тоа што веќе се пласираа на Европско првенство уште пред неколку дена, фудбалерите на Португалија немаа милост и ја прегазија Босна и Херцеговина со 0:5 во Зеница. Сите пет гола паднаа во прво полувреме. Роналдо даде два а при резултат 0:4 еден домашен навивач на стадионот „Билино“ во Зеница влетал во терен кон Кристијано но редарите го спречиле во последен момент да стигне до него.

Монументал и Ривер, не може да ви се изнагледаме

Ривер Плата (како што го викаме ние, а во Аргентина го викаат Ривер Плејт), во 8. коло од аргентинската Примера Дивизија, го совлада Таљерес со 1:0 со гол на ветеранот Саломон Рондон во 19’ минута. Реновираниот и огромен „Монументал“ одново грмел од прва до последна минута.

Ќе им го мериш паметот

Лестер Сити има извонреден старт на сезоната и во 11 кола во втората лига Чемпионшип има 10 победи и само 1 пораз. Со освоени 30 бода се први на табела. Во саботата со 2-0 го победија Стоук чии двајца глупави навивачи му се сипаа на едно мало дете зошто им го покажувал резултатот.

Цела полска дипломатија и премиер на нозе за хаосот во Алкмар

Иако Лига Европа и Лига Конференции секој четврток носат навивачки пресметки ширум континентот, овојпат во Холандија на мечот меѓу АЗ Алкмар и Легија Варшава навивачите биле апсолутно добри и коректни но не и холандската полиција.

Навивачи на Феенорд влетаа во ВИП зоната на стадион, специјалци интервенираа со пендраци

Ептен знаат да изненадат со неочекувани глупости и инциденти навивачите на Феенорд. Во Рим се памети нивното демолирање на историски знаменисти, а синоќа на гостувањето во Мадрид немале попаметна работа, па влегле во ВИП зоната, каде се разбира немаат пристап. На видеото може да се забележат брканици и еден раскрвавен нос. Уапсени се шестмина гостински навивачи.

Ова е ноќ на смелите, ова е ноќ на храбрите

Навивачите на Црвена Ѕвезда изненадија со една поинаква и неочекувана кореографија, спротивна на стандардните идеи со УЕФА, пари, мафии, скапи карти и сл.

Атмосферата од ЛШ која вреди да се издвои

Потсеќа на Енфилд Роуд и „You never walk alone“, ама не е тоа, туку полувремето од мечот Ленс - Арсенал. Прекрасна мелодична нумера со силен навивачки хор. Браво за навивачите на Ленс. Преубаво.

Пречекот на биковите во Памплона е луд ко аргентински стадион

Ова видео нема никаква врска со фудбалот, туку станува збор за архаичниот обичај наречен Енсиеро во шпанска Памплона. Ова е шпански национален обичај пред фамозните трчања со бикови. Во градот Памплона во периодот на празнување на Свети Фермин од 7-ми до 14-ти јули секое утро се собира толпа народ и почнува лудницата. Должината на маршрутата за бегство од бикови е 1 км а страните се оградени со дрвени огади кои лесно може да се прескокнат.

Европска демократија на стадионот на Левски Софија

За време на дерби средбата од бугарската прва лига меѓу Левски Софија и Лудогорец која заврши со победа на гостите 0-1, хулигани од главниот град на Бугарија протерале од трибините две црномурни момчиња со навреди „мангали бегајте од тука, не сте добројдени“. 

Швеѓаните знаат ептен да изненадат со кореографии

Изумот е на навивачите на Ѓургарден, познати меѓу нивните ривали како мајмуни. Симболиката на Кинг Конг кој гмечи стаорец е демек Ѓургарден го дроби АИК, кои пак себе си се нарекуваат глодари, но ривалите ги нарекуваат стаорци.