Во Аргентина се ближи финалето на Копа Либертадорес или борбата за тронот во Јужна Америка, а таму сакаше да се паднат екипите кои очи ќе си извадат на терен, а да не зборуваме за нивните навивачите.
Бока Јуниорс vs Ривер Плејт или фудбалската класика ги надмина сите разумни размислувања во однос на тоа како треба да изгледа ривалството помеѓу навивачите на овие две екипи.
Знаете ли што се случило во Аргентина? Артуро и Оскар се двајца другари. Едниов навива за Бока, другиот за Ривер. Се караат како мали деца за тоа кој е појак и кавгата завршува со пожар. Да, со пожар. Оскар се изнервирал и му ја запалил куќата на Артуро.
Замислете куќа му запалил после муабет за фудбал. На Артуро ништо не му останало читаво дома поради нездравиот памет на Оскар кој е во бегство од полицијата.
Првиот меч од панданот на ЛШ се игра на 10-ти, а реваншот на 24-ти ноември. Им посакуваме добар фудбал, бакљада и јаки кореографии по што се познати, но најмногу памет во глава.
A Boca and a River fan from Misiones argued over which team was better ahead of the Libertadores final & it resulted in one burning the other's house down [via @DiarioOle] pic.twitter.com/Yd4hcT36xQ
— Peter Coates (@golazoargentino) November 5, 2018