Следната сезона во Ередивизија ќе започне на есен, на 11 септември и клубовите периодов живеат како што умеат.
Гронинген на пример го врати во фудбалскиот свет легендарниот Арјен Робен и пред почетокот на новата сезона продал рекорден број на сезонски карти.
А Вилјем II е клуб кој првпат после многу долго време стекна право да игра во Лига Европа. Superkruiken сега се насладува на добрите игри од минатата сезона и спремно ја очекува новата во која навивачите ќе гледаат европски фудбал. Вилјем II е клуб стар 123 години и се наоѓа во градот Тилбург со население од околу 210.000 жители.
За да по овие 4 и нешто месеци како не гледале фудбал, навивачите останат поврзани со својот омилен клуб, луѓето од управата заедно со спонзорите организирал пикник.
Сè било изведено право на теренот на стадионот во Тилбург - каде фудбал нема уште од април месец. Цела „пољана“ со прекрасна зелена трева ја поделиле на 156 полиња со цел да се држи потребната социјална дистанца поради вирусот.
На пикникот на Вилјем II дошле околу 400 навивачи на овој клуб, воглавно семејства со деца. Сите добиле пакет со ужина и уживале во сончевиот ден на самиот терен, каде од септември ќе се игра Ередивизија и Лига Европа.
На сите присутни навивачи на пикникот им се обратил спикерот вработен на стадион, а управата на клубот се обраќала преку видео на бимот. За време на пикникот навивачите гледале и хајлајт од минатата сезона
Целиот настан бил збогатен и со вон-фудбалски активности па така на стадионот имало диџеј а најмалите ги забавувал илузионист.
На крајот дури имало и лотарија на која некои навивачи освоиле сезонски карти и влезници за VIP ложата.
Фантастична идеја навивачите да останат во близок однос со саканиот клуб кој не игра веќе 4 месеци
Pitch invasion 😉#Pitchnick013🧺 pic.twitter.com/EwyJVXK3LX
— Willem II (@WillemII) July 18, 2020