Големата и упорна борба, водена од длабоките уверувања на германските навивачи на крајот им донесе плод. Германската фудбалска лига (DHL) се откажа од планот да ги продаде медиумските права на приватна компанија. За продажбата би добиле речиси 1 милијарда евра.
Челните луѓе на германскиот фудбал рекле дека креваат раце од продажба на медиумските права во надеж дека, како што велат, ќе се стави крај на незапаметените протести на многу стадиони ширум земјата во последните месеци.
Овие протести, најчесто со фрлање предмети на терен, тениски топчиња, бомбони, пиротехнички средства и друго, често водеа до подолги прекини или одложени натпревари во првата и втора Бундеслига. Ова било закана за интегритетот на германскиот фудбал.
За навивачите секако е голема историска победа во борбата меѓу Давид и Голијат.
Целиот спор се кренал на високо ниво што во Германија се развила голема дебата во емисии со ударни термини на разни програми. Темата за продажба на медиумски права од ДФЛ станала важна колку и економските проблеми, протести, штрајкови, климатска криза итн.
Протестите на навивачите беа толку содржајни што добиле на голема популарност не само во Германија туку и пошироко. Пример често фрлаа на терен илјадници чоколадца во форма на монети како симбол на „грабливците на пари“ кои сакаат од навивачите да ги украдат клубовите.
Некои навивачки групи на терен фрлале и катанци за чување велосипед кои се отварале само со кодот 5001 како асоцијација на речиси светото правило 50+1 за сопственост врз бундеслигашки клуб според кое клубот никогаш и никако не смее да продаде мнозински пакет акции на инвеститор туку мноизинството и одлучувачкиот збор секогаш да го имаат навивачите односно членовите на клубот.
Критичарите на протестите велат дека поради сите протести германскиот фудбал е оставен без речиси 1 милијарда евра, колач којшто би го поделиле клубовите.
„Со оглед на актуелните случувања, успешно продолжение на процесот веќе не е можно.
И покрај тоа што има огромно мнозинство коешто е за превземање неопходности за стратешко партнерство, Германскиот професионален фудбал се соочи со ’тест за киселост’ што предизвика големи спорови не само внатре во лигашкиот сојуз меѓу клубовите, туку во некои случаи и внатре во клубовите, меѓу професионалци, тренери, клупски раководни лица, надзорни органи, здруженија на навивачки заедници кои се повеќе го попречуваа одигрувањето на натпреварите, специфичните распореди на натпревари а со самото тоа и интегритетот на натпреварување“, стои во соопштението потпишано од портпаролот на германската фудбалска лига DFL и извршен директор на Борусија Дортмунд Ханс-Јоаким Вацке.
Единствен инвеститор кој бил спремен да одвои од 800 милиони евра до 1 милијарда евра била компанијата CVC Capital Partners која сакала за возврат да добие 20 години од тв правата и приходите од спонзорства во лигата.
Втора заинтересирана страна била приватната фирма Блекстоун поддржана од Саудиска Арабија која што била спречена да учестува во евентуално купување од здруженијата за човекови права.