Се вика Алдо Фаина, има 72 години и сите што вчера беа на Олимпико треба да му се поклонат.
Тој е еден од ретките навивачи кој е спречен да ја доживее атмосферата на фудбалските натпревари како останатите, ама затоа по многу нешта е единствен.
Верувале или не, овој човек купува годишна карта за натпреварите на Лацио од 1964-та година. Му одело на клубот или не, тренер или претседател бил Петко или Станко, тоа за Алдо е небитно.
Пред секоја сезона купува годишна карта и на секој домашен натпревар на Лацио се исправува на стадион. Тоа се факинг 55 години или нешто повеќе од половина век.
Алдо живее во малото место Витербо во регионот Лацио на 80 км оддалечено од Олимпико и од 64-та кога имал 17 години до неговата 72-ва година од животот има видено сè и сешто од историјата на клубот.
Од испаѓањето во Серија Б во 1970-та, потоа првото Скудето во 1974-та, па се до историските времиња со газда Крањоти кога Лацио освои 8 трофеи од кои една титула во Серија А, Супер Куп на УЕФА и Куп на купови на победници.
За него вчерашниот меч беше кој знае кој по број од 64-та до сега. Не се добројуваат.
Секоја чест за желбата, упорноста, ентузијазмот и лојалноста без разлика низ какви турбуленции минувал клубот.