- Во вклучување од Лондон за емисијата „Мундокаст“, тренерот Лина Ѓорческа, Димитар Лабудовиќ ја пренесе атмосферата од британската престолнина и откри како течат подготовките пред утрешниот дуел (вторник, 13:00 часот) против Американката Аманда Анисимова.
- „Нема потреба да се трошат премногу зборови за играч кој минатата година играше завршници на Вимблдон и УС Опен. Меѓутоа, ние пристапуваме како и на секој друг меч. Тактиката ќе биде подготвена, а Лина ќе се обиде да го одигра тоа што најдобро го знае. Убеден сум дека ќе го даде својот максимум. Целта е да се одигра добар меч, па зошто да не се направи и изненадување? Ова е прво коло за Анисимова, додека Лина веќе има три меча зад себе овде и е подобро навикната на условите“,
- „Поддршката од најблискиот круг на луѓе е секогаш тука. Сите сакаме да се гордееме со овие успеси, да се сликаме и да ги тапкаме спортистите по рамо кога ќе успеат. Меѓутоа, клучното е да бидеме тука за нив додека го градат својот пат до тој успех, бидејќи тој успех не е само нивен личен, туку е и наш, како држава“, заклучи тренерот на Ѓорческа.
- Некогашниот легендарен фудбалер на белградски Партизан и позната легенда на југословенскиот фудбал Џевад Прекази починал на 70 години, пренесуваат белградските медиуми.
- Прекази, роден во Косовска Митровица беше еден од најсаканите фудбалери меѓу навиввачите на Партизан чиј дрес го носеше од 1976-та до 1983-та година. Освои три шампионски титули со белградскиот состав.
- Голема трага остави и во Галатасарај каде одигра 185 натпревари од 1985-та до 1991-ва и освои две шампионски титули.
- Играше уште и за Хајдук Сплит, а по крајот на кариерата се занмаваше и со мал фудбал во САД каде играше за Балтимор Бласт. За младинската репрезентација на Југославија запиша три настапи. Како тренер подоцна два пати го водеше белградски Железник.
- „Не се ограничувам со ништо“, изјави легендарниот Дидие Дешам минатиот јуни пред да ја заврши последната авантура на Светско првенство со Франција.
- Дешам ги водеше триколорите цели 14 години а на свои 58 години после јуни се реши да одмори од се и да ги наполни батериите. Негов наследник на клупата на Франција стана Зинедеин Зидан.
- Сега Дешам го поврзуваат со многу големи европски клубови како неговиот Јувентус во кого остави голем белег, така и Манчестер Јунајтед, пишува француски footmercato.net кој вели дека клубот од „Олд Трафорд“ бара замена за Мајкл Карик кого сензационалниот пресврт против Рома 3:2 од 0:2 му го продолжи макар на кратко престојот на клупата на Манчестер.
- Управата на Манчестер Јунајтед ги сонувала Јулијан Нагелсман и Унаи Емери но првиот веќе е пред договор да се врати во Ред Бул Лајпциг а вториот е врзан силно со договор за Астон Вила која што не сака да ја напушти.