- На 19 дена до квалификацискиот меч дома против Италија и на 22 дена до гостинскиот против Малта, селекторот на Македонија Боби Милевски се соочува со низа проблеми кои почнаа со откажувањето на Стефан Ристовски.
- Петмина од репрезентативците немаат клубови, додека уште најмалку толку не играат во клубовите, односно немаат минутажа.
- Дарко Велковски нема одиграно ниту една минута во дресот на Ал Етифак, но и натаму нема најдено нов ангажман. Стоперот официјално е дел од клубот од С.Арабија, но веќе му е соопштено да бара нова средина.
- Стефан Ашковски е ослободен од Ламија, и е без клуб, исто како и Егзон Бејтулаи, Бобан Николов, Александар Трајковски и Илија Несторовски.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.