- Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, го објави списокот на ракометари за претстојната ЕХФ недела. Ќе смета на 20 ракометари, а дополнително повика и седум резерви.
- Повик доби Дејан Манасков, кој игра во одлична форма во дресот на Еурофарм Пелистер, а место има и за Филип Талески, но тој се најде меѓу резервните ракометари со Милан Лазаревски, Марко Митев, Никола Костески, Петар Атанасијевиќ, Никола Маркоски и Томислав Јагуриновски.
- Македонија ќе игра две пријателски средби со Јапонија на 30 октомври и 1 ноември.
- Македонската фудбалска репрезентација е влезена во длабока криза со 12 меча по ред без победа и 8 во низа без постигнат гол.
- Ниту тој податок не го спречи Горан Кипријановски, како еден од нашите најверни навивачи, да замине на долго патување до Шкотска за да ги бодри во живо нашите фудбалери. И уште од средата е таму, а средбата е закажана за в петок.
- Мечот ќе се игра на Хампден парк и се очекува да биде исполнет до последно место што значи дека би имало околу 51.500 навивачи. Сегашните проценки се дека Македонија ќе има поддршка од околу 100-тина македонски навивачи.
- Пред нешто повеќе од еден месец Англија забележа една од најубедливите победи во историјата а Хрватска еден од најтешките порази во историјата. Англичаните славеа 0-7 и ја продолжија низата против „коцкестите“.
- Хрватска вечерва гостува на кулниот „Вембли“ во претпоследното коло од Лига на Нации.
- Традицијата вели дека Англија има серија од 4 победи портив Хрватите. На Светското во групна фаза летово ги победија 4:1. Претходно ги победија со 1:0 и 2:1 а последен пат Хрватска остана непоразена со третопласираната селекција на светот во Лига на нации во октомври 2018 кога беше 0:0 во Ријека.
- Вечерва во Лига на Нации се играат уште и натпреварите: Ерменија - Кипар, Турција - Белгија, Италија - Франција, Чешка - Шпанија, Албанија Финска и Сан Марино - Белорусија.