- Еден од најдобрите фудбалери во историјата на Атлетико Мадрид, 34-годишниот Французин Антоан Гризман е на прагот од заминување од црвено-белиот дрес а како следна можна дестинација се споменува Орландо Пајратс во МЛС лигата во САД.
- За Атлетико Мадрид Гризман одигра 480 натпревари до сега на кои постигна 210 гола и имаше 95 асистенции со што е најдобар стрелец во историјата. За Атлетико Мадрид игра во два мандати, од 2014 до 2019 и од 2021 до сега сезонава 2025/2026.
- Тој ја започна кариерата во младинците на Реал Сосиедад од каде се пресели во Атлетико Мадрид во јули 2014-та. Играше уште и за Барселона во рекорден трансфер од 120 милиони евра а потоа се врати назад дома во Атлетико каде е сакан од навивачите.
- Фудбалот како универзален јазик на пријателството, соработката и инклузијата беше во центарот на настанот „Допри го голот – Фудбал за секое дете“, реализиран од Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“, Скопје, со поддршка на ФФМ и УЕФА Фондацијата за деца (UEFA Foundation for Children).
- На настанот учествуваа ученици со типичен и атипичен развој од седум училишта од Скопје, Куманово и Кратово.
- Преку заеднички фудбалски активности, учениците, наставниците и образовните асистенти испратија силна порака за важноста на инклузијата, врсничката поддршка, тимскиот дух и еднаквите можности за секое дете. Ревијалните фудбалски активности беа можност децата да се дружат, да соработуваат и да создаваат нови пријателства, потврдувајќи дека на фудбалскиот терен има место за сите.
- Поддршката за ваквите иницијативи е дел од заложбите на Фудбалската федерација на Македонија за промовирање на социјалната инклузија и создавање можности што ќе му овозможат на секое дете да биде дел од фудбалската игра.
- ФФМ информира дека дека продажбата на билетите за претстојниот натпревар Шкотска – Македонија ќе се одвива исклучиво преку официјалната електронска платформа за продажба на билети на Фудбалската асоцијација на Шкотска.
- За македонските навивачи првично ќе биде отворен секторот А2 на западната трибина, со капацитет од 539 седишта, а доколку има потреба од дополнителен број билети, ќе биде отворен и секторот А3, со дополнителни 860 седишта.
- Натпреварот Шкотска – Македонија ќе се одигра на 13 ноември 2026 година, со почеток во 20:45 часот по македонско време (19:45 часот по локално време), на стадионот „Хемпден парк“ во Глазгов.