- По неколку дена неизвесност, медицинските тестови потврдија дека Кевин Де Брујн претрпел тешка повреда на тетивата на десната нога, дијагноза што ќе го држи надвор од терените неколку месеци.
- Белгискиот плејмејкер се повреди против Интер, веднаш по изведување на пеналот со кој Наполи привремено водеше и побара замена.
- Според првичните најави, тој нема да заигра пред февруари 2026 година, што значи дека ќе пропушти најмалку три месеци.
- За Конте проблем што ќе ја нема ѕвездата од Манчестер Сити, за Елмас шанса.
- Игор Карачиќ е една од најголемите легенди во историјата на Вардар. Хрватскиот среден бек помина седум години во „црвено-црниот“ дрес, од 2012 до 2019 година, период во кој клубот од Скопје ги доживеа најубавите моменти во својата историја.
- Со Вардар, Карачиќ двапати ја освои Лигата на шампионите, во 2017 и 2019 година, а токму поради своите настапи и придонесот во европските успеси, остави неизбришлива трага кај вардаровите навивачи. Сепак, зад големите успеси, трофеи и европската слава, според неговите зборови, се криела и една многу поинаква реалност.
- Карачиќ откри дека во периодот по освојувањето на Лигата на шампионите, Вардар му должел огромен број плати.
- „Кога би пресметал некоја цифра, од моментот на освојувањето на Лигата на шампионите, тоа е отприлика 15 до 18 плати. Во еден момент, кога ти даваш сè од себе за тимот, на крај мораш да се јавуваш кај својот татко и да побараш пари. А треба јас него да му помагам“, рече легендарниот ракометар.
- И официјално, Мајкл Карик повеќе не е тренер на Манчестер Јунајтед. Неговиот мандат заврши тажно, како последница на очајната форма на клубот оваа сезона.
- Поранешниот играч на Манчестер ја презеде улогата минатата сезона, првично како привремен тренер, по заминувањето на Рубен Аморим. Го однесе Јунајтед до третото место и по пауза од две години го врати во ЛШ.
- Потоа доби постојан ангажман. Но, тимот го доживеа најлошиот старт сезонава со бедни 8 бода во зоната на испаѓање. Единствениот триумф во Премиер лигата им е против Ипсвич и тоа во август.
- Сега фокусот се префрла на неговиот наследник, кој наверојатно ќе биде Маурисио Покетино, со кој наводно преговорите се во завршна фаза.