Кошарка

Луѓе, јас не сум Златан Ибрахимовиќ

Нихад Ѓедовиќ е кошаркарски репрезентативец на Босна и Херцеговина. Има 28 години и толку многу личи на Ибрахимовиќ што вика дека има проблем на улица зошто секој втор го застанува да се слика со него.

Кошаркар на Минесота удираше блокада со патика во рака

Минесота тргнува во напад против Сакраменто. На Таџ Гибсон во еден момент му лета патиката. Ја зема во рака и го брани нападот на Сакраменто. Па дури и скока со патика и успева да му удри банана на Немања Бјелица.

Тешко видео за објаснување

Требаше да биде едно вообичаено изведување на слободно фрлање. Требаше. Инаку ова е во САД, последното место каде би очекувале дека може да се случи нешто вакво во кошарка.

Од таму шутирај колку сакаш на Ел Класико

Кошаркарите на Реал Мадрид и направија потоп на Барса која ја совладаа со 27 поени разлика. Потегот на мечот го имаше Факундо Кампацо кој даде кош од паркинг, а нашите монтажери не губеа многу време. 

Дончиќ ли е, Мутомбо ли е?

Лука Дончиќ постигна 24 поени за Далас на победата против Аталанта и Трае Јaнг од поразениот тим постигна 24 поени. Дончиќ беше трет, а Јанг прв пик на драфтот. Одиме со еден нивен дуел под кош па видите како балканец крева рампи.

Џордан да ти удри воспитна, значи стварно си згрешил

Најголемиот на сите времиња сега е претседател на Шарлот Хорнетс. Неговиот тим славеше луда победа со тројка во последните секунди пред крајот против Детроит Пистонс, но еден играч од клупата влезе пред време на паркет да се радува па доби техничка.

Аман нека ја закуца некој веќе еднаш

Видеово трае 1 минута, ама личи како да нејќе да заврши, бидејќи многу се редат. Еден да заебе ќе мора сè од почеток. Фативме да проиме чисто од љубопитност. Дури 31-от ќе поентира. Инаку дечките не се од САД, туку од Унгарија.

Како почнала традицијата шампионите во НБА да одат во Белата куќа кај претседателот

И не само од НБА, туку од сите најголеми спортски првенства во САД, шампионите регуларно почнале да ја посетуваат Белата куќа во ’80-те кога на власт најчесто биле претседатели од Републиканската партија: прво Реган, а потоа и Џорџ Буш.

Како изгледаа Шек, Кајри Ирвинг и други НБА ѕвезди во филмот Uncle Drew

Без многу голема помпа филмот во кој играат едни од најголемите легенди од НБА „си вози“ ширум Америка и Канада. Во Европа не постигна значаен успех но вреди да се изгледа. Од неколку причини вреди.

Несмасен судија на денот

Натпреварот меѓу Жалгирис и Олимпијакос во рамките на Евролигата донесе една комична ситуација. Судијата успеа да го фаулира тренерот на гостите и тоа го спружи на земја.

Како Босанец стана НБА ѕвезда благодарение на тоа што татко му истепал 14 хулигани

Кошаркарскиот пат на Јусуф Нуркиќ е толку фасцинантен што ако еден ден се појави филм на темата, големи се шансите да конкурира за сериозни награди по фестивалите. Преубава приказна.

Жељко знае да им вика на играчите, ама знае да поведе и оро

Во Фенербахче Обрадовиќ им е како татко на играчите а за тој однос на времето зборуваше и нашиот Перо Антиќ. Пред неколку дена на Јан Весели му се родило дете а прославата била во ресторан во Истанбул каде Жељко повел едно традиционално орце.

Лудачки кош на Реал Мадрид од соблекувална

ЦСКА го доби Реал Мадрид во дербито на колото во Евролигата, а потегот на мечот го направи Аргентинецот Факундо Кампачо. Како само си поигра таа топка со публиката.

Лука од паркинг

Сезоната во НБА лигата не е ниту до пола, а Американците се веќе останати без зборови од партиите кои ги пружа Лука Дончиќ. Далас го совлада Хјустон со 128:108, а дебинатот постигна 20 поени. Пазете му ја тројкава. Само 19 години има.

Жељко Обрадовиќ грмеше на тајм-аут

Фенербахче синоќа забележа осма победа на деветтиот меч во Евролигата. Турскиот тим славеше на гости кај Макаби Тел Авив во меч во кој Жељко Обрадовиќ прописно му се изнавика на Костас Слукас.

Жељко Обрадовиќ го потопи помошникот во шутирање тројки

Најтрофејниот европски тренер на сите времиња и предводник на турскиот гигант Фенербахче, Жељко Обрадовиќ му одржа лекција на неговиот помошник тренер Ердем Џан во шутирање тројки.

Асистенција на месецот во Евролига - одбиен баскет од глава во кош

На мечот Химки - Будуќност во Евролигата, домашниот плеј Стефан Марковиќ проба ненадејно да асистира до Џордан Мики, а овој не очекуваше па топката го удри во глава и...

Ни Чикаго да те брани, ни Феникс да те храни

На мечот Булс - Санс имаше вкупно 240 коша. Славеа Булси со 124-116 а секој оној што типувал плус на поени се смешкал кога видел каква одбрана се играше на мечот.

Пајдушко оро во НБА во чест на охриѓанецот Џеди

Публиката на натпревар меѓу Вашнгтон и Кливленд се запозна со дел од македонската традиција која беше претставена во најсилната и најпопуларната кошаркарска лига во светот.

Нова фешта на Дерик Роуз

Човекот кој пред неколку дена постигна 50 поени на еден натпревар во НБА, синоќа поставил нов личен рекорд - 7 погодени тројки. Роуз во поразот од Лејкерс имаше 31 поен, три скока и пет асистенции.

Како Лазар Лечиќ ги строеше ветераните на Работнички

Во „Градски парк“ се одигра хуманитарен натпревар меѓу првиот тим предводен од Марин Докузовски и ветераните на Работнички кои на тренерската клупа ги водеше легендата Лазо Лечиќ. И на 79 години го тера истиот стил. Стручен, духовит и незаменлив лик.

Најјако забивање на вечерта во НБА - Грк преку Грк

Јанис „Greek-freak“ Адетокумбо продолжува да ги понижува противниците во НБА. Кошаркарот на Милвоки Бакс е можеби најголем претендент за наградата МВП сезонава и тоа веќе после 9 меча.

До вчера си го бирал на Плејстејшн, сега се чувате под кош

Најдобриот млад европски кошаркар во моментов, Словенецот Лука Дончиќ одлично се снаоѓа во НБА. На овогодинешниот драфт Лука беше избран од Атланта Хокс како 3. пик но брзо го пратија во Далас Маверикс во замена за 5. пик на драфтот Треј Јанг.

Дерик Роуз е жив - постигна рекордни 50 поени и се расплака

Еден од најталентираните кошаркари во современата историја на НБА, Дерик Роуз, кој беше МВП во 2011-та, после години и години тешки повреди, синоќа ја одигра партијата на кариерата и доби честитки од соиграчите и ривалите.