Легендарниот О`нил пушташе музика во Хрватска, а на журката на бина се качија Лука Дончиќ и Горан Драгиќ. Царот е роден за забава, па им покажа како се држи ритам со симулирање слободни фрлања.
Со црна рамбовка, шорц и влечки, Никола Јокиќ стави потпис на најбогатиот договор во историјата на НБА лигата. Астрономски 264 милиони долари кои ќе ги заработи во плата од 2023-та до 2028-та. Ајмо мајсторе, распали.
Стеф Кари е на заслужен одмор откако со своите Вориорс во големото НБА финале го урнаа Бостон Селтикс и ја освоија титулата. Кари каде и да се најде е опкружен од навивачи кои сакаат да се сликаат со него. 20-годишниот Мејсон Барбер морал душа да извади со 30 склека за да добие автограм од лидерот на НБА шампионот.
Во првиот меч од Летната Лига, младиот Американец со италијански пасош, Паоло Банкеро заигра за својот нов тим Орландо Меџик кој го бираше како прв пик на драфтот. Победија „магичните“ против Хјустон Рокетс 91:77 а Банкеро имаше одлична партија.
Морална лектира за летово - приказната за патот на семејството Адетокумбо. Од страшна сиромаштија на улиците во предградијата на Атина, до врвот на светот како крал на НБА.
Босна и Херцеговина ја победи Бугарија 76:73 во последното коло од првата фаза квалификации за Светско првенство. Џанан Муса, лидерот на БиХ прво во самиот финиш промаши две слободни фрлања но му се укажа шанса за поправен испит и со тројка од далечина на секунда пред крај и донесе триумф на Босна и Херцеговина против Бугрија. БиХ во следната фаза ќе игра против Франција, Унгарија и Црна Гора.
Додека Хрватска го доживеа најголемиот срам во кошаркарската историја и со 5 порази испадна во дивизија каде се Сан Марино, Андора и останати аматери, Словенците предводени од НБА тандемот Дончиќ-Драгиќ се пласираа во следна фаза од квалификации за Светско првенство 2023.
Белгија со преубедливи 102:59 ја демолираше кошаркарската селекција на Словачка и отиде во следната втора фаза од квалификациите за Светско првенство во кошарка. Мечот ќе се памети по едно чудно, баш чудно забивање на најдобриот поединец на натпреварот, Белгиецот Ретин Обасохен кој имаше 18 поени за 19 минути на терен.
НБА лигата ги виде Мајкл Џордан, Меџик Џонсон, Шекил Онил, Коби Брајант, Леброн Џејмс и кој уште не, ама го немаше Никола од Сомбор, кој дојде, покажа како се игра кошарка и стана уникатен мадр факр лик.
Словенија пред преполна сала во Љубљана ја разби репрезентацијата на Хрватска со 97-69 во квалификациите за Светско првенство и „змајчеки“ сега се први во група Ц со учинок 3-2. Хрватска со 1-4 е на раб на елиминација. Лука Дончиќ со 21 поен, со 8 скока и 10 асистенции и Драгиќ со 19 поени имаа одличен натпревар а самото нивно присуство беше доволен мотив за Словенците да летаат по паркетот.
Џеди Осман, еден од лидерите на Кливленд Кавалирс во НБА лигата, деновиве престојува во Охрид каде направил свадбена прослава со неговата вереница Ебру Шахин, најпозната турска актерка. Татко му на Осман е Турчин од Охрид, а мајка му е од Нови Пазар во Србија.
Доаѓа обично на сред партија, влетува во терен како да го освоил Њу Мексико и ладно го бара баскетот, за да покаже дека без старца нема ударца. И најчесто му поаѓа од рака.
Малку познати факти од кариерата на Мајкл во еден друг спорт каде не само што се срамел и бил понижуван, туку и бил исмеван од јавноста. А имал само еден повод да отиде од НБА каде беше крал. Не за слава, не за пари, не за моќ.
Кошаркарите на Србија во 3х3 го освоија светското првенство и се закитија со злато по петти пат во последните осум години откако во големото финале на овој баскет Мундијал ја совладаа Литванија 21:16. Веднаш по крајот на мечот на разглас се заори еден хит кој Златан Ибрахимовиќ го промовираше дури и на Сан Ремо и на прослава на скудето на Милан.
Светската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе за кого ургираа претседатели на држави, секретари, министри преговараа да остане во ПСЖ и да не оди во Реал Мадрид, во моментов е во САД каде присуствуваше и на НБА драфтот. Покажа дека има одлична лева рака (а на фудбал шутира со десна).
Двајца навивачи на Шарлот Хорнетс го чекале Ламело Бол, но наместо него, од гаража им се појавува Ем Џеј, кој е инаку газда на клубот. Му бараат фотка, ама ги одбива, а некои медиуми пишуваат дека за тоа што го снимаат со телефон им рекол: „Спушти го тоа срање доле“.
Салата Азовмаш е дом или за жал беше читав дом на седумкратниот украински првак Мариупол, кој е патем и пет пати освојувач на Купот на Украина, како и финалист во Еврокупот во 2007-ма. Само обрачот виси.
Македонскиот стратег кој ја почна тренерската кариера на 27 години во Карпош Соколи, слета во Москва, а Русите го пречекаа како прави домаќини и направија мини шоу од неговото пристигнување.
И кога пола екипа беше десеткувана и мораше без својата втора половина од Сплеш браќата, и кога Вориорс паѓаа во ритам во текот на сезоната па мораше да се држат на место кое води во плејофот, капитенот ги водеше. Во плејофот ги нижеше Нагетс, Гризлис и Маверикс за да на крајот му го земе скалпот и на Бостон Селтикс. И тоа среде „ТД Гарден“ на гостински паркет.
Во 2006-та година легендарниот Гери Пејтон станува шампион во најсилната лига на светот. Шеснаесет години подоцна до злато вредниот трофеј, медал и шампионски прстен стигнува и син му Гери Пејтон II. Вакви примери низ историјата има малку.
Членот на „Сплеш браќата“, Клеј Томпсон, еден од најдобрите шутери кои НБА ги имала во последниве 20-ина години, после тешката повреда и 2-годишно отсуство од паркетите, се опорави, се врати и имаше огромен придонес во освојување на нова титула на Голден Стејт Вориорс.