Кошарка

Врвна партија на Лука Дончиќ во Лос Анџелес, Далас ги урна Леброн и Лејкерс

Далас Маверикс после продолженија го доби ЛА Лејкерс 119-115 во најинтересниот меч на вечерта во НБА. Лука блескаше со нов трипл-дабл зачинет со 35 поени, 14 скокови и 13 асистенции. Дончиќ постигна клучна тројка со која Мавси изборија продолженија, а потоа даде нова тројка за второ продолжение.

Навивачите на Црвена Ѕвезда во одбрана на Антиќ

Првиот човек на КФМ не одговори на провокацијата на навивачите на МЗТ Скопје, кои на мечот против Црвена Ѕвезда извадија парола против него. Но тоа со сторија Делии на мечот против Монако.

Во НБА се спрема најпосетен натпревар во историјата

Сан Антонио Спарс, некогашниот хегемон во НБА, соопшти дека досега продал 63.592 карти за натпреварот со кој ќе се вратат во стариот култен дом - салата „Аламодом“. Дуелот кој ќе се игра на јубилејниот 50. роденден на Спарс, е закажан ноќта меѓу петок 13-ти и сабота 14-ти јануари против Голден Стејт Вориорс.

САД имаат нов идол

Додека НБА се спрема за новото чудо Виктор Вембанјама кој на 19 години е висок 2.19 и доминира во француската лига со тимот на Метрополитанс 92, во САД фокусот е и на уште еден чудесен кошаркар.

Во обид да израмни со тројка, Портланд го изрежира најлошиот финиш на сезоната

Имаа 22 секунди за да ја стигнат негативата против Орландо од 109:106, што е повеќе од доволно во кошарката. Ама кога ќе тргне со бунар акцијата, нема враќање назад.

Анегдота за Никола Јокиќ и соиграчите на Олимписки Игри

Триесет и две годишниот бек Стефан Јовиќ кој во кариерата освои прилично многу трофеи со Црвена звезда, Баерн Минхен, Химки Москва, Панатинаикос, а сега е во шпанска Сарагоса, раскажа една случка од Олимписки Игри во Рио де Жанеиро каде Никола Јокиќ одел да им купува на сите во Мекдоналдс и чекал ред со саати.

Нова партија за паметење на Дончиќ и незгоден пад

Лука Дончиќ игра надреална сезона во НБА. Синоќа по осми пат во кариерата на ЛА Клиперс му уфрли 40+ поени и со тоа ги надмина легендите Коби Брајант и Кевин Дурент. Дончиќ во поразот на Далас Маверикс 113-101 имаше 43 поени, 11 скока и 7 асистенции. Во еден момент од мечот имаше и многу незгоден пад зад првиот ред крај паркетот.

Парола на аеродромци против Перо Антиќ

Како нивен поранешен играч, Перо Антиќ отворено кажува дека е и голем навивач на Црвена Ѕвезда, Олимпијакос и Фенербахче. Српскиот клуб синоќа му гостуваше на МЗТ Скопје и го совлада 57:80 во 14 коло од АБА лигата. Првиот човек на КФМ, овој пат не се појави со дуксер на Ѕвезда, но и покрај тоа навивачите во Јане Сандански спремни го пречекаа.

55-ти трипл-дабл во кариерата на Лука Дончиќ

Откако поради настинка пропуштил неколку тренинзи, Дончиќ синоќа се врати на паркетот и го водеше својот Далас до триумф 127:117 над Њу Орлеанс Пеликанс. Мавси фаќаат одличен ритам кој може да им донесе место меѓу првите четири на крајот што значи и предност домашен терен во плејофот.

Нов трипл дабл на Јокиќ и божиќна честитка на српски

Трипл дабл број 10 за Никола Јокиќ сезонава и вкупно 86-ти во кариерата. Новата жртва е Кливленд, против кој Денвер славеше со 121:108. Со овие 28 поени, 15 скокови и 10 асистенции, Србинот стана само четврти играч кој успеал да постигне минимум 10 трипл дабл учиноци во шест сезони. Другите тројца се Вестбрук, Оскар Робертсон и Меџик Џонсон.

Ни Сан Антонио веќе не е тоа што беше

Некогашниот хегемон кој под водство на Грег Поповиќ и со ведетите Дејвид Робинсон, па Тим Данкан, Ману Џинобили, Тони Паркер и други, освојуваше шампионски титули и доминираше во НБА, сега неколку сезони не може да се препознае.

Чудна епизода во НБА

Во убедливата победа на Мемфис Гризлис над Шарлот 131-107, Џа Морант учествуваше со 23 поени, 1 скок и 8 асистенции. А во еден момент и задржуваше време на необичен начин дури и кога водеа +30 поени разлика.

Две уморни ѕвезди на ПСЖ од Мундијалот се релаксираа на НБА натпревар

На дуелот меѓу Бруклин Нетс и Сан Антонио Спарс имаше изненадување во публика. Килијан Мбапе и Ашраф Хакими и тоа само ден откако играа редовно коло. На видео бим ги пуштија головите на Французинот од финалето против Аргентина.

Непредвидливоста на Јокиќ под кош

24 поени, 7 скока и 9 асистенции за Никола Јокиќ против Минесота од која Денвер загуби со 124:111. Потегот број 1 на мечот го има Србинот. Тој знае каде се позиционираат неговите. Не треба да гледа.

Со Леброн Џејмс секој цепелин е шоу

Ѕвездата на вечерта во НБА лигата е Донован Мичел со 71 поен, но не може никако да се игнорира и она што го прави неверојатниот Леброн Џејмс на 38 години. Јубилејната 20-та година во НБА ја почна со 43 поени, 11 скока и 6 асистенции и стана само втор играч на 35+ години со постигнати 40+ поени на две средби по ред. Првиот е Мајкл Џордан.

Историја за Кливленд и Донован Мичел кој на Чикаго му даде 71 поен

Лука Дончиќ на истекот на старата година постигна 60 поени, но Доновил Мичел новата ја почна со 71. Тоа се рекордни после оние на Коби Брајант пред 15 години.

Реакцијата на Попович откако Дончиќ му ги помати сметките

Грег Попович најави дека планот пред дуелот Сан Антонио - Далас им е да го задржат Лука Дончиќ под 50 поени. Спарси загубија 126:125, со уште една нова мангупарија на Словенецот од слободни фрлања, кој мечот го заврши со 51 поен, 9 асистенции и 6 скока.

Лука со право пцуе

Во големото тексашко револверско дерби, Лука Дончиќ одново блескаше и со нов трипл-дабл (35 поени, 12 скока и 13 асистенции) му помогна на неговиот Далас да го совлада големиот ривал Хјустон 129:114. Лука играше фантастична кошарка, а во еден момент изгуби нерви кога судијата не досуди очигледен фаул над него.

Ја видовте ли најбрзата тројка од како се мери во НБА?

Кошаркарот на Индијана Пејсерс, Бади Хилд запиша нов рекорд во НБА лигата откако го погоди најбрзиот шут за три поени во лигата! Хилд на мечот со Кливленд Кавалирс ја исфрли топката од рака после само три секунди по стартот.

Голема гужва на меч во НБА, Вагнер сам влезе во неволја

На дуелот кој Детроит Пистонс го доби против Орландо 121:101, за малку не изби голема масовна тепачка. Пред крајот на вториот период, германскиот репрезентативец кој играше на Европско првенство изминатово лето, Мориц Вагнер го оттурна Килијан Хејнс кој после го нападна со соиграчите.

Нов делириум на Јокиќ, броеше до 40

Лука Дончиќ и Никола Јокиќ играат во транс. Откако словенечкиот ас блескаше со астрономски 60 поени, највисоки во неговата НБА кариера пред две вечери, синоќа Никола Јокиќ на мечот кој неговиот Денвер го загуби 127:126, постигна дури 40 поени со седум скока и шест асистенции, една блокада и една украдена топка.

Пречекот на Дончиќ во соблекувална

После историски трипл дабл, до сега невиден во историјата на НБА со 60 поени, 21 скок и 10 асистенции, како и победа со помош на неговата луда идеја од слободни фрлања, да не мислеше дека ќе помине само со „Браво Лука, да пукне“.

Лука после 60-те поени: Уморен сум како ѓавол, ми треба пиво

Дончиќ стана првиот играч во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот кој остварил трипл дабл со 60 поени и 20 скока. Покрај овие бројки и лудиот финиш, тој привлече внимание и со изјавата после мечот.

Лудите 4 секунди во режија на Дончиќ

Пресвртот на сезоната во НБА оди вака. На 26 секунди до крај, Далас губи од Њујорк со 9 поени разлика, а на 4 секунди е на само -3. Лука изведува слободни фрлања, првото го дава, второто го промашува намерно, прави офанзивен скок и погодува за израмнување, за во продолжение и да победат.