Две уморни ѕвезди на ПСЖ од Мундијалот се релаксираа на НБА натпревар

На дуелот меѓу Бруклин Нетс и Сан Антонио Спарс имаше изненадување во публика. Килијан Мбапе и Ашраф Хакими и тоа само ден откако играа редовно коло. На видео бим ги пуштија головите на Французинот од финалето против Аргентина.

Мбапе и Хакими ја гледаа во живо 12-та победа по ред на Нетси, кои предводени од Кајри Ирвинг со 27 и Кевин Дурант со 25 поени славеа против Спарси си 139:103.

По првиот пораз сезонава во Лига 1 од Ленс со 3:1, двајцата фудбалери на ПСЖ фатија авион за САД. Тренерот Кристоф Галтие одлучил да им даде неколку слободни денови за одмор после едномесечниот ангажман со своите репрезентации во Катар.

Хакими на 17 декември играше меч за трето место со Мароко, а ден потоа Мбапе имаше исцрпувачки 120 минути плус пенали против Аргентина против која постигна хет-трик.

Изненадувачки и двајцата се појавија многу брзо на тренинзите на ПСЖ и на 28 декември настапија на мечот против Стразбур.

Дурант им подари дресови.

Реакцијата на Мбапе кога Дурант ја надмудри одбраната на Спарси.

Головите на Мбапе од финалето во Катар кој беше поздравен со овации во салата.

Ги посетија и во соблекувална

3 јануари 2023 - 12:47