Четирикратниот НБА шампион и еден од најдобрите во историјата заслужено доби свое место меѓу великаните, во Куќата на славните на НБА во Спрингфилд. Заедно со Грег Поповиќ, Ману Џинобили и Тим Данкан се симбол на едно преубаво време на трофејните Спарси.
34 поени, 13 скока и 14 асистенции содржи новиот трипл дабл на Лука Дончиќ на подготвителниот меч пред Светското кој Словенија го доби против Црна Гора со 104:100. Погледнете ја оваа негова самодоверба и дрскост.
Како млад во Атина каде е роден со неговите браќа од кои постариот Танасис Атетокумпо прв играл сериозна кошарка, Јанис одел во салата и помагал со чистење на паркетот. Во една прилика го прашуваат за што сонува?
На 14-ти септември ќе се навршат 12 години од најубавата кошаркарска бајка во историјата на Македонија која сензационално стигна до големото полуфинале по чудесна победа против домаќинот Литванија 67-65 со тројката на Владо Илиевски во последните моменти од мечот. Во битката за финале изгубивме тесно од Шпанија која подоцна го освои Европското првенство.
Во подготвителен меч пред Светското првенство, Грција во Љубљана ја совлада Словенија 91:98. Костас Папаниколау погоди 6/6 шута за три поени и запиша 18 поени. Играч на мечот беше Дончиќ со 20 поени, 14 асистенции и 9 скока.
Спортскиот пијалок Гејторејд во 2002-ра има направено уникатна реклама со Мајкл Џордан на 39 години кој се пробува против Мајкл Џордан на 23 години. Експлозивност наспроти искуство. Атракција против атракција.
Шекил О`Нил или Ди џеј Дизел синоќа се појави во клубот Сент Ана во улога на неговата втора најголема пасија после кошарката, а тоа е пуштањето музика. Најскапата опција за да бидеш во публика, еден бубрег.
Селекцијата на Србија ќе биде ослабена на Мундобаскетот без првата ѕвезда во тимот Никола Јокиќ, потоа Василије Мициќ кој со Анадолу Ефес двапати триумфираше во Евролигата, а летово потпиша за Оклахома сити тандерс, како и без Никола Калиниќ.
300 милиони за ПСЖ, 700 милиони за играчот, гласи понудата на Ал Хилал за еден од најпосакуваните фудбалери на планетата. И тоа 700 како едногодишна плата. Две НБА ѕвезди му се нудат на фудбалскиот клуб после тие нереални суми кои излегоа во јавност. Јанис Андетокумбо и Лебон Џејмс.
Новиот НБА шампион го откажа настапот за репрезентаци на Светското првенство кое старутва за еден месец. „А ти народе станувај во 4 сабајле да го гледаш и навиваш“, гласи еден од коментарите.
Денвер Нагетс на убедлив начин стигна до својата прва историска шампионска титула во НБА лигата а најзаслужен за истата беше МВП на финалето Никола Јокиќ. Веднаш по кренатиот шампионски пехар почнале прослави кои траеле неколку дена и ноќи.
Летната лига во НБА нуди многу нешта. Големи таленти се обидуваат да се изборат за договор со некој клуб, но има и такви кои ќе се паметат по смешни работи. Како Маркус Бингам Џр. од Далас Маверикс во еден момент прими додавање од соиграчот Нике Сибанде и тргна во контра кон својот кош. Па уште и заби.
Налетавме на 1 минутна компилација со забивања од ѕверот. Човекот кој со еден потег го примора коментаторот на Ол Стар да повика тајм аут за да дојде на себе.
Пред неколку дена се појави видео вест дека Денис Родман има нова тетоважа и тоа од девојка му на сред лице. Таа тетоважа се смета за една од поглупите во историјата на сегашните и поранешни НБА кошаркари. А ги има побајаги.
Легендарните Мајкл Џордан и Меџик Џонсон, стари добри другари, речиси секое лето одат на италијанското крајбрејже и таму уживаат во сите благодети. Една вечер направиле шоу со локалните тамбураши во Капри.
Откако не беше јасно дали ќе се повлече од активното играње, ветеранот Џејмс синоќа откако прими награда на церемонијата ЕСПИ-с, потврди дека сигурно продолжува.
Ако се има предвид дека е висок 2.11 а тежок 129 килограми, тогаш ова салто елегантно како руска балерина ги воодушевило сите присутни во реката Дрина.
Најекстравагантниот НБА кошаркар на сите времиња, кој кога реши да се жени се облече и нашминка како невеста, има 62 години и изгледа уште го има оној немирен дух во себе. Ја истетовирал девојка му. Ама на образ.
Снимката е всушност од годината кога Џејмс беше избран за прв, а Вејд за петти пик на драфтот и 10 години пред да му донесат на Мајами Хит две шампионски титули по ред. Првиот уште игра на 38 години, а другиот се повлече пред три години и сега има 41.