Кошарка

Хиените почнаа да профитираат со предметите од Коби

По трагичната смрт на Брајант, побарувачката за предмети од колекционерите, поврзани лично со него, станува огромна а цените растат.

Ембиид играше со бројот 24 и даде 24 коша

Влијанието на Коби врз многу генерации се гледа на глобално ниво. Од неговата игра и став учеа многу млади кошаркари ширум светот.

Шекил низ солзи

„Духот ми го напушти телото, сакам да можам да кажам едно нешто... за последен пат за луѓето кои ги изгубивме. Зошто еднаш кога ќе заминеш, заминуваш засекогаш“.

Шек се појави пред Стејплс центар

Легендарниот центар кој со Коби беа како браќа, се појави пред топлата народ насобран на местото каде славното дуо освои три шампионски прстени. Колку и да е во шок, се обиде барем за момент да го разведри амбиентот.

Me and my Kobe

Додека сум под силни емоции да нашкрбам нешто…

Плоштад Коби Брајант

Реакциите не стивнуваат, тагата трае кај многумина негови обожаватели, а веќе паѓаат и одлуки што да се крсти во негово име. Италијанците донесоа одлука за на нивни терен.

Тој беше наш компањон - Латиносите жалат по братот Коби

Шпанските говорници меѓу жителите на Лос Анџелес исклучително многу го почитуваа Брајант не само како икона на нивниот Лејкерс, туку и како човек кој го зборува нивниот јазик и ја негува латино културата како да е еден од нив.

Две другарки на Џана, нивните родители, тренерот и пилотот - луѓето кои загинаа со Коби и ќерка му

Хеликоптерската несреќа однесе 9 животи - сите летале на младинскиот кошаркарски турнир кој требал да се одржи во академијата на Коби Брајант.

„Како мал, имаше обичај овде во Италија да се пентари на обрачите“

Меѓу безбројните објави што за инспиративниот живот и кариера на Коби, што за најубавите моменти кои им ги пружил на навивачите, има и такви кои се навраќаат на неговото детство.

Кариерата на Коби во 2 минути

На неговиот последен меч во 2016-та картата на Лејкерс - Јута стигна до 25.000 долари, а тој постигна 60 поени. Доволно е?

За Коби

Коби е енергија, мотивација, инспирација во движење. Борба, издржливост, натпревар. Неприфаќање на статус кво, немање изговори, незастанување додека не стигнеш до целта. Игнорирање на болка, падови, повреди.

Видео со неверојатните сличности меѓу Џордан и Коби

Двајцата со сигурност најдобри кошаркари на сите времиња имаа толку многу сличности во играта на теренот, што делува мошне необично. Мајкл изрази длабоко сочувство до семејството и пријателите на Брајант за кого кажа дека е еден од најголемите во неговата генерација.

Лос Анџелес скршен од тага, низ целиот град има цвеќиња и свеќи

Катастрофата со хеликоптерот во кој загинаа 9 лица меѓу кои и Коби Брајант и неговата ќерка Џана го сопре светот: Твитер неколку минути беше во блокада, во НБА тапкаа топка во празно, а 62’ издание Греми почна во молк.

Баскети под отворено небо за Коби и Џана

Поддржувачите на Коби Брајант се во шок од фактот што нивниот идол повеќе го нема, особено навивачите на Лејкерси кои масовно излегуваат пред Стејплс центар и му палат свеќи. На Твитер пак се случува малку поинакво изразување на почит. Оставаат пред своите куќи баскети за него и ќерка му.

Неколку факти за хеликоптерот во кој загинаа Коби и неговата ќерка Џана

Овој модел го користат и членови на британското кралско семејство, како и спасувачки служби во многу држави. Во аеронаутиката важи за мошне безбеден хеликоптер.

Со што се занимаваше Брајант по крајот на легендарната кариера

Коби Брајант малку спиел, понекогаш само неколку часа во ноќта, што е малку за професионален спортист. Пред пар години еден новинар го прашал зошто не спие доволно, а Коби дал прост одговор: „Зошто имам многу работа“.

Излезе аудио снимка од разговорот меѓу пилотот на Брајант и контролата за летање

На нејзе може да се слушне како од контролната кула го предупредуваат пилотот на хеликоптерот дека лета премногу ниско по што за кусо време се губи комуникацијата.

Блескавата кариера на Коби низ бројки

Ја заврши во 2016-та со 33.643 поени, 7.047 скока и 6.306 асистенции и цела му ја посвети на Лос Анџелес Лејкерс со кој освои 5 шампионски титули. Какви лекции по баскет држеше овој човек. Замислете дури 25 пати успеал да даде по 50 коша.

Брајант на уличен баскет со македонско знаме

Маја од Македонија објави слика од легендата и Трејси Мек Грејди пред 22 години во Париз после меч на Македонија.

Филмот на Коби за кој доби Оскар

Одвојте 4 минути од вашиот живот за кои не ви треба ни торент ни кино, туку само мало внимание. Кога на 29 ноември 2015-та го најави своето пензионирање тој и раскажа на кошарката колку ја сака уште од мал. Писмото се искористи за да се направи краткометражен анимиран филм под името Dear Basketball кој во 2018-та доби Оскар.

Ја викал Мамбасита, пораснала со него, родена е со неколку часа разлика со ќерката на Шекил

Смртта на Коби Брајант е апсолутен шок за целиот свет на спортот, но и пошироко. Разни извори по објавата на веста, шпекулираа кој сè бил со него во хеликоптерот, а на крај стигна трагична вест.

Шек: Болен сум во моментов

Колку само мигови имаа заедно во Лејкерс. Еден куп добиени натпревари, три титули, многу асистенции, насмевки, дружби и на терен и надвор. Шек и Коби беа олицетворение на тој тим предводен од Фил Џексон.

Последниот твит на Коби Брајант

Големината се виде и по тоа што му честиташе на Леброн кој го мина на вечната листа на стрелци во НБА лигата, земајќи му ја третата позиција. Џејмс 33.655 поени, Брајант 33.643. Токму во тоа се состојат последните негови зборови искуцани на оваа социјална мрежа.

На 2 НБА меча вечерва играчите и навивачите се простија од Брајант

Пред почетокот на дуелот Денвер - Хјустон, во салата на Нагетс се одржа 1-минутен молк во знак на сочувство за смртта на Коби Брајант. На другиот натпревар, кошаркарите на Сан Антонио и Торонто Репторс го почнале мечот со празен напад од 24 секунди во знак на сеќавање на великанот.