Кошарка

Страшно средношколско забивање на годината во Америка

Запаметете го името Мак Мекланг. Игра за средношколскиот тим Гејт Сити кој во Америка го завикале Данк Сити. Мак покажа и зошто:

Забивањето на Гркот во НБА кое ќе се раскажува на внуци

Јанис Антетокумпо од Милвоки го прекрстија во Винс Картер. Насловите во САД изгледаат вака: Нема повторно да видиме забивање како ова. Сè ќе беше понормално, ако човекот кого го прескокна (Хардавеј Јуниор) не беше висок 2 метри. Па уште и со цепелин.

Навали народе, сезонска влезница за 20 евра

Не сме само ние за жалење со таа кутра македонска лига која никако да живне. Што да каже Литванија каде цената на еден фудбалски натпревар може да достигне и до неверојатни едно евро. Показател за квалитетот кој го нудат.

Луда кошаркарска завршница

Водиш 2 поени разлика, имаш уште едно слободно фрлање, го промашуваш и му оставаш на противникот време од 2,6 секунди до крај на мечот. Еве што може да ти се случи. Како ја фрли мислиш ѓуле држеше во раце.

Тројката на Харден која вреди 60.000 поени

Во финишот од мечот против Орландо, Харден погоди тројка и доби фаул. Тоа значеше: 60 поени на мечот (рекорд во историјата на Рокетс, претходно Калвин Марти постигнал 57 поени во 1978), 11 асистенции, 10 скока: двоен-трипл дабл со најмногу поени во историјата на трипл-дабл учиноците во НБА. НЕРЕАЛНО.

Кога Винс Картер заби преку играч висок 2,18 и го смени погледот на кошарката

Авторот на најлегендарното „куцање“ во историјата на кошарката денес полни 41 година, и да, ден-денес игра на највисоко ниво.

Дијалозите меѓу Стеф Кари и Стив Кер како татко и син

Официјалниот фејсбук на НБА објави видео запис од разговорите меѓу тренерот на Голден Стејт Стив Кер и ѕвездата на клубот, Стеф Кари кои биле водени за време на дуелите последните сезони.

Анимираниот филм за Коби Брајант ќе се бори за Оскар

Еден од најголемите кошаркари на сите времиња доби анимиран филм снимен и произведен од врвните мајстори на материјата Глен Кин и Џон Вилијамс. Самиот Коби рецитира во цртаниот филм којшто е маестрален.

Пародија на промоцијата на Алексис Санчез

Извесен Питер Хартли направи трансфер од Блекпул во Мадервел за кој потпиша договор до 2020-та година. Шкотскиот клуб на својот профил на Твитер изгледа има ангажирано човек со добра смисла на хумор.

Лапај си 100.000 долари за кош од пола терен

За време на дербито меѓу паднатите гиганти ЛА Лејкерс и Њујорк Никс, еден гледач по име Суни Стронг , во култниот „Стејплс Центар“ лапна 100.000 долари откако погоди шут од половина терен.

Француско дерби со 3 гола, сите празник за очи

Фудбалерите на ПСЖ по 22 минати кола го загубија вториот меч во првенството и тоа од Лион кој сега е на -8 на втората позиција. Головите кој од кој поубав. Одиме со ред.

Малото дете од Кливленд што направи шоу во НБА

Таварис Џонс има 5 години и им го украде шоуто на Стеф Кари, Леброн Џејмс, Кевин Дурент и Ајзеа Томас за време на мега-дербито Кливленд - Голден Стејт. Џонс денсаше на песната „Ролекс“ од Ајо и Тео и ја освои целата сала.

Дечки вие доручкувани ли сте?

Кошаркарите на Филаделфија синоќа го совладаа Торонто, но во еден од последните напади на мечот изгледаа како да го прават она: „Компир гледам, месо варам“.

Најјакото видео со Шекил О’Нил кое никогаш не старее

Во НБА играше цели 19 години за 6 тима и важи за еден од најдобрите центри кои оваа лига ги видела. Немаше средба а Шек да не направи потег што ќе го одбележи мечот. Така беше и во Орландо и во ЛА Лејкерс и во Мајами и во Феникс.

Леле кршење кичмааааа

Никола Јокиќ од Денвер му игра еден на еден на Дрејмонд Грин од Голден Стејт. Резултатот е: Дечко оди купи ми Малборо црвено и напиј се нешто од мене. Хаким Олајџувон би се гордеел со потегов.

Стив Кер ли е Баба Ванѓа ли е?

„Без Стеф Кари и Клеј Томпсон, Лу Вилијамс ќе ни даде 50 поени“, рекол тренерот на Голден Стејт Стив Кер пред мечот со ЛА Клиперс на кои гостите славеа со 125:106. На крај: Лу Вилијамс погоди 27 шута за вкупно 50 поени а Стив Кер само можеше да се насмевне.

Оториноларингологија

Евролигашките клубови имаат интересни администратори на Твитер. Прво Белграѓаните им пуштиле неколку зборови тешки за изговор, а сега Турците од Анадолу Ефес ги предизвикуваат. Во рамките на 17. коло Анадолу Ефес и Црвена звезда на Перо Антиќ играат во петок од 18:30.

Првата средба на Стив Кер со Мајкл Џордан

Заедно прославија три титули со Чикаго Булс, но првиот пат кога актуелниот тренер на Голден Стејт Вориорс го сретнал најдобриот кошаркар на сите времиња во доаѓање, се исплашил од тоа што го видел.

Владо Илиевски поднесе иницијатива за смена на Пеце Наумовски

Трката за позицијата прв човек на македонската кошарка влезе во нова етапа, откако Владо Илиевски и официјално реши да се кандидира за претседател. Даниел Димовски се откажува од трката?

Ти му викаш оди лево, тој не знае кај е

На еден од некогашните тренинг семинари за млади талентирани кошаркари во Црна Гора, легендарниот Дуле Вујошевиќ се обидува на едно дете да му објасни да оди во лево.

Кари даде 45 поени за 30 минути

Голден Стејт триумфираше над ЛА Клиперс со одлична игра на Стеф Кари кој за 30 минути постигна неверојатни 45 поени (8 тројки).

Гркот води во изборот за Ол-Стар 2018 пред Леброн и Кари

Јанис Адетокумбо од Милвоки Бакс е најсаканиот играч меѓу љубителите на НБА во првите 12 дена од гласањето за стартери на Ол-Стар мечот кој ќе се одигра во Лос Анџелес. Разликата која што Гркот ја направи е до толку голема што може и да остане прв.

Зошто Ајверсон го сметаа за најдрзок играч во НБА?

Го викаа The Answer зошто имаше одговор на секоја противничка одбрана. Техничар како него НБА ретко имала.