Среден прст скап 50.000 долари

Некогашниот миленик на навивачите на Бостон Селтикс, контроверзниот Кајри Ирвинг сега им е голем противник во плејофот. Во дресот на ривалскиот Бруклин Нетс, Ирвинг одигра маестрална партија на почетокот на доигрувањето, но неговиот тим изгуби 115:114 со кош примен во последна секунда од Џејсон Тејтам. Кајри во еден момент беше уловен на камера како им покажува среден прст на навивачите кои му дофрлаат, за што НБА лигата го казни со драконски 50.000 долари!

Ирвинг уфрли 39 поени а шанса за реванш во истата сала против Бостон ќе има доцна вечерва во 1 час после полноќ.

Прејак НБА Топ10 со врвни моменти

 

20 април 2022 - 12:44